Цели

Цели

Цели
декември 28, 2021

Основните цели и задачи на Организацијата е да ги застапува интересите на работодавачите воопшто и посебно во социјалното партнерство да се грижи за развој и остварување на правата и слободите на работодавачите, колективно договарање, склучување и спроведување на Општиот колективен договор за стопанство во Р.М и Колективни договори на ниво на дејности.

Исто така врши изготвување на стручни анализи од економската проблематика, особено при утврдување на најниската плата, цената на работната сила на ниво на стопанството и на ниво на гранките, динамиката на платите, тенденциите на вработувањето и пазарот на работната сила, на професионална основа дефинирање и промоција на интересите на работодавачите низ координација и соработка со социјалните партнери, професионално давање на советодавни услуги во доменот на колективното договарање, учество на работниците во менаџментот и други прашања во врска со работното законодавство, организирање на трениг обука на менаџментот, преку организирање на советувања, семинари и други форми, издавање на публикации, соработување и членување во меѓународни организации на трудот и на работодавачите и други активности поврзани со барањата на членовите.