Кои сме ние

Oрганизацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ

Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ претставува над 15 сектори од областа на стопанството од приватниот сектор во Република Северна
Македонија. Вклученоста на ОРМ се однесува на теми во интерс на работодавачот поврзани со трудовата легислатива, безбедност и здравје при работа,
образованието, инфраструктура, општествена одговорност, оданочување, инверстирање, казнена политика, кредитирање.

Од 2010 година согласно Законот за работни односи, Министерот за труд и социјална политика, по предлог на Комисијата за утврдување на репрезентативност е
оценета Организацијата на работодавачи како:

ОРМ е репрезентативна
организација

организација на работодавачи
од приватниот сектор

која како таква има легитимитет да преговара и да склучува
Општ колективен договор за приватниот сектор

ОРМ учествува во
трипартитни тела

за социјално партнерство (работодавачи, синдикати и
Влада – Економско социјалниот совет)

Со ова ОРМ има влијание како рамноправен партнер во креирањето на
економско-социјалната политика во Северна Македонија, и се што се
однесува на одредбите и директивите на ЕУ во доменот на работните
односи, заштита и безбедност при работа како и други закони кои се
однесуваат на деловната клима и политика

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРМ

Владанка Трајковска,

Почитувани,

Дозволете ми на почетокот да ја изразам својата благодарност за искажаната доверба до членовите на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Ми претставува особена чест и задоволство што на Седница на Собранието на Организацијата на работодавачи одржана на ден 09.06.2021 година бев избрана за Претседател на Организацијата на Работодавачи на Македонија. Тоа е потврда за моето досегашно работење во ОРМ, како член на Управниот одбор.

Довербата што ми е овозможена сметам дека во целост ќе ја оправдам и уште повеќе ќе ме мотивира и ќе ја зголеми мојата посветеност за уште поголеми заеднички успеси на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Довербата што ми е овозможена сметам дека во целост ќе ја оправдам и уште повеќе ќе ме мотивира и ќе ја зголеми мојата посветеност за уште поголеми заеднички успеси на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Организацијата на работодавачи на Македонија е единствена репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор која обединува 15 сектори и како таква има легитимитет да преговара и да склучува Општ колективен договор за приватниот сектор, која може да учествува во трипартитни тела за социјално партнерство (Работодавачи, Синдикат и Влада – Економско социјален совет), со што е рамноправен партнер во креирањето на економско социјалната политика во Република Северна Македонија.

Уште од самиот почеток на зачленувањето во Организацијата на работодавачи на Македонија свесна бев за одговорноста на работодавачите во градењето на политиките за развој на стопанството и водењето на социјалниот дијалог на сите нивоа, за создавање на подобра работна клима. Сега како Претседател, подготвена сум да ги слушнам барањата на Работодавачите, заедничките да ги градиме ставовите и да ја креираме политиката, постигнуваќи консензус за општо добро.

Моите Цели во мандатот ќе бидат пред се во насока транспарентно да ги застапувам интересите на Работодавачите воопшто и посебно социјалното партнерство, колективното договарање, склучување и спроведување на Општиот колективен договор за стопанството во Република Северна Македонија и Колективните договори на ниво на дејности.

Заедно со мојот Тим – Членките на Организацијата на работодавачи на Македонија, Потпреседателите и Извршната Канцеларија и во непосредна соработка со претходниот Претседател на Организацијата на работодавачи, а сега Претседател на Собранието на Организацијата на работодавачи г-динот Ангел Димитров, ќе работам да се креираат мерки и политики во кои Организацијата на работодавачи на Македонија ќе биде активен учесник, како и да се унапредува социјалниот дијалог со сите засегнати страни, со цел Република Северна Македонија да има развиена и одржлива економија.

Со тоа ќе допринесам во вршење на функцијата и остварување на зацртаните цели- да бидеме респектабилен социјален партнер достоен да го унапредува дијалогот со Синдикатите и со Владата, но и да ја интензивираме соработката со останатите партнери во земјата и во странство.

Благодарам,
Владанка Трајкоска, Претседател

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ НА ОРМ

Angel Dimitrov

President of the Assembly of the Organization of Employers of Macedonia (OEM).

Angel Dimitrov, graduate economist, Executive Director of the textile company AD "MODA" St. Nikole and President of the Assembly of the Organization of Employers of Macedonia (OEM).

Graduated economist, who immediately after graduation begins to practically apply his knowledge in the private sector. Since 1984 he has been the Executive Director of the textile company AD "MODA" St. Nikole and the Manager of the LLC "Kamotext" St. Nikole. It has been recording its successes in the textile industry for almost 40 years and has continued to contribute to the private sector in North Macedonia and abroad.

View Profile

ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА

Светлана Ристова Антиќ

Извршен директор

Svetlana Ristova Antic

Executive director

Белинда Николовска

Генерален секретар

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ОРМ

Љупчо Фармаковски

Потпретседател за регулатива,
колективно преговарање и
социјален дијалог

Весна Богдановска

Потпретседател за економски
прашања и бизнис опкружување

Анета Петровкска – Русомароски

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ЗА СТУЧНО
ОБРАЗОВАНИЕ И ЕДУКАЦИЈА

УПРАВЕН ОДБОР

1. Владанка Трајковска Раде Кончар – сервис Скопје
2. Ангел Димитров Мода  Свети Николе
3. Анета Петровска-Русомарски ЕВН Скопје
4. Елена Спиреска Фершпед – а.д
5. Ѓорѓи Петрушев Млекара Битола
6. Бети Саздовска Содиќ НЛБ Тутунска банка
7. Весна Богдановска Осигурување Македонија  а.д- Vienna Insur. Group
8. Ирена Јакимовска Комфи Ангел Прилеп
9. Маја Штерјовски Рамстор
10. Стојанче Стојанов БИМ Свети Николе
11. Томе Петковски Агроплод Ресен
12. Лидија Рибарска Тутунски комбинат Прилеп
13. Зоран Костовски Алаклоид
14. Билјана Талевска ЗАПОВИМ
15. Татјана Келкоцева Шамкарова Империјал Тобако Скопје
16. Крсте Блажевски ХОТАМ
17. Биљана Муратовска Макам-транс Скопје
18. Борис Хрисафов УСЈЕ Скопје
19. Љупчо Фармакоски Комерцијална банка Скопје
20. Николина Миланова Стопанска банка Скопје
21. Биљана Марковска Кемет  Скопје