Студиска посета во Словачка од Проектот: COCURT – “Создавање услови за користење на реформните алатки на пазарот на труд во ЕУ и Макдонија преку трансфер на словачкото искуство”

 

 

Од 8ми-12ти април, претставници од Организацијата на работодавачи на Македонија заедно со Агенцијата за вработување присуствуваше на  петдневната студиската посета која се одржа во Словачка по проектот COCURT “Создавање услови за користење на реформните алатки на пазарот на труд во ЕУ и Македонија преку трансфер на словачкото искуство”.

Во Националниот институт за доживотно учење  од страна на Министерството за образование и наука од Словачка беше одржана презентација за системот за доживотно учење, акредитација и едукативни програми, како и за системот за верификација на професионалната надлежност. Презентацијата се однесуваше на подобрување на едукативниот систем со обуки, добри практики преку добиени искуства за насочување на кариерата.

 

Во Мартин се одржа посета во канцеларијата на Министерството за труд и социјална политика, како  и подготовка за програмата за обука на невработени лица во Македонија во соработка со словачките експерти. Потоа следеше подвижна работилница “ Леонардо да Винчипреку која работодавачите разменија искуства преку дискусија. Особено важна е и презентацијата и SCAN проектот со методите за насочување во кариерата  “ Kompetenzenbilanz” .

Студиската посета имаше за цел да им помогне на идните обучувачи преку стекнување на дополнителни информации од Словачкото искуство, успешно да ги извршат обуките на невработените согласно активностите на проектот.