конкурентнаПЛАТА
Информациите добиени со спроведувањето на валидно истражување на плати, додатоци и надоместоци ќе ви помогне да добиете релевантни информации за цената на трудот за профили на вработени на конкретни работни позиции, со цел да го оптимизирате и воедно континуирано да ги надградувате и усовршуваат идните политики за развој на човечкиот капитал во организацијата.
1. конкурентнаПЛАТА ќе ви даде одговор на клучни прашања кои ќе Ви помогнат да ги изградите стратегиите на вашата организација. 2. Учеството во истражувањето ќе ви овозможи да ги споредите платите на вашите вработени со податоците од другите учесници за конкретни работни места и на таков начин да добиете директна информација за пазарот на работната сила и за вашата конкурентност. 3. Аналитичниот пристап ќе овозможи да ги согледате сите специфики кои се однесуваат на поединечни работни места, различни индустриски сектори, различни групи на работни позиции т.е занимања и многу други корисни информации. |
4. Ќе имате основа со поголема сигурност да ги креирате системите за наградување за вработените за тие истовремено да бидат рентабилни за организацијата и конкурентни на пазарот на работна сила.
5. Преку статистичките споредби и мноштвото валидни податоци, ќе стекнете увид за тоа како сте позиционирани на пазарот во однос на конкурентските или останатите компании и да ги евалуирате сопствените стратегии за наградување. 6. Со подобрување на стратегиите за наградување ќе ги идентификувате областите во кои може да се подобри пакетот на наградување, со цел да го подобрите процесите за привлекување и задржување на компетентни работници. 7. Методолошкиот пристап во обработката на податоците ќе ви даде соодветни информации и за интерната поставеност на платите на вработените и за правичноста во наградувањето за работното место во рамките на вашата организација.
|
– 3 Продажна брошура-Истражување на плати