Договорени најниските основни плати од репрезентативните социјални партнери, за земјоделие 8.080,00 ден и за прехрамбена индустрија 9.100,00 ден

Здружението за земјоделие и прехрамбена индустрија при ОРМ и претставниците од Агросиндикатот при ССМ по долги и исцрпувачки преговори постигнаа консензус и денеска во 13ч. свечено ја потпишаа Спогодбата за утврдување на најниската основна плата (пресметковна вредност за единица коефициент) во Колективниот договор за вработените од земјоделството и прехрамбената индустрија.

Согласно  трошоците на живот, економските можности, општото ниво на платите на дејност , нивото на продуктивноста, економичноста и рентабилноста , како и социјалните давања и други економски социјални фактори, партнерите за земјоделството договорија износ од 8.080,00 ден , а за прехрамбената индустрија 9.100,00 ден најниска основна плата за 100% остварена норма од утврдената во гранката. Договорените најниски основни плати во двата сектора ( земјоделие и прехрамбена индустрија) се со повисок износ отколку минималната плата на национално ниво. Со тоа даваме позитивен исчекор за другите гранки да го следат нашиот пример за подобра бизнис клима  во рамките на нормите договорени со Владата.

Воедно, страните на оваа Спогодба од ОРМ претседател на здружението за земјоделство г-дин Томислав Давков и прехрамбена индусстрија г-дин Влатко Ѓеоргиевски, како и од страната на Агросиндикатот г-дин Живко Даневски и со претходно склучените спогодби и измени и дополнување на колективниот договор , се согласија да извршат усогласување и да изготват пречистен текст на колективниот договор од земјоделството и прехрамбената индустрија.

Во особено сложената економска состојба предизвикана од должничката криза  во Европа, репрезентативните социјални партнери врз основа на заемната доверба уште еднаш ја потврдија сериозноста на релевантни фактори во социјалниот дијалог на бипартитно ниво.