Политиките за заштита на мајчинството и родителско отсуство- работилница организирана од Меѓународната организација на трудот – 8 и 9 Јули 2014г

Емил Крстановски ,националниот координатор на Меѓународна организација на трудот МОТ од Македонија , организираше  дводневна работилница  на тема, Политики за заштита на мајчинството и родителско отсуство (вклучително мајчино и татково ) во Скопје.Инцијативата за оваа тема беше покрената од министерот за труд и социјална политика  Диме Спасов,така што   воведен говор имаше тој.
На присутните на работилницата  за прв пат им се обрати и новиот , директор на МОТ  за Централна и Источна Европа  Антонио Грациози , а експеритите  Софија Амарал де Оливеира, експерт за родова еднаквост од МОТ Будимпешта и Лаура Адами  ја водеа работилницата  на која  беше презентиран  Извештајот на МОТ, како и политиките за работата и семејството во насока на унапредување на политиките за поддршка и подигнување на свеста за заштита на мајчинството на работното место.
На работилницата учествуваше и извршниот директор наОрганизацијата на работодавачи на Македонија ОРМ Белинда Николовска со тројца претставници од работодавачите.

На  повеќе сесии  во рамките на работилницата  беа разгледани светските практики и трендови во однос на заштитата на мајчинството и родителското отсуство ,меѓународните стандарди за труд , Законот за работни односи и колективните договори, како   и практичната примена на истите  во Македонија. Неда Коруновска, независен консултант ја презентираше  националната студија за мајчинството и татковството на работно место во Македонија, во чие подготвување учествуваше и ОРМ.
Истотака  беа презентирани и  добри практики и искуства од страна на трите партнери, претставници на работодавачите, синдикатите и Владата, за  развој на Акциски план за подигнување на свеста за мајчинството и се утврдија препораките  за понатамошно подобрување на легислативата и колективните договори во оваа област.