Објавена висината на минималната плата за 2013, со консензус на членовите на Економско социјалниот совет

 

Економско – социјалниот совет одлучи да нема намалување на минималната плата, односно сумата од 8050 денари останува непромената. Висината на минималната плата за 2013 година изнесува 8.050 денари или 12.268 денари бруто.

Законот за минимална плата почна да се имплементира од јануари 2012 година. Со него е утврдено минималната плата да се исплатува на месечно ниво, за полно работно време, и тоа во износ од 39,6 проценти   од просечната бруто плата во Македонија пресметано со  претходната година

Со усогласувањето во дејностите производство на текстил, облека, кожа и слични производи од кожа минималната бруто плата во 2013 година ќе изнесува 10.990 денари, односно нето 6.859 денари.