Одржана 19та седница на Економско социјалниот совет

На  седницата на Економско – социјалниот совет,  на која присуствуваа членовите од Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, Николина Миланова, Дарко Петровски и Влатко Ѓоргиевски, како и претставници од КСС , ССМ и од министерствата, согласно  дневниот ред на седницата беа разгледани предложените измени во Законот за работни односи и тоа за:

-застареноста на роковите за отказ од лични причини

– измени во однос на можноста за користење на дополнителни три месеци по барање на вработената корисник на породилно отсуство


Во врска со предлог  измената на членот 94 став 1 од ЗРО околу застареноста на отказот на договорот за вработување од лични причини  од страна на работникот,( работодавачот може да му даде отказ  во рок од три месеци од денот на дознавање за фактите, односно во рок од шест месеци од денот на настапување на фактите ), членовите на ЕСС заклучија Министерството за труд и социјална политика амандмански да реагира така што наместо да се менува ставот 1 од членот 94, да се предложи нов став 2 во кој ке се дефинираат роковите за застареност во случај на отказ поради вина на работникот и тие да изнесуваат 6 месеци од денот на дознавањето, односно 18 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот.

За предлог  измената на Законот за работни односи -По завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, работничката да има право на неплатено родителско отсуство до  три месеци во периодот до навршување на три годишна возраст на детето заради  грижа за  детето.

Предлогот од работодавачите е да се допрецизира, неплатениот период од три месеци да може вработената  да го  користи „во најмногу три интервали“ во текот на периодот до навршување на три годишна возраст на детето заради  грижа за  детето.

 

На седницата беа разгледувани и барањата поднесени од ОРМ,

По предлогот  – на работникот  со возраст над 57 години кој работи тешки физички работи , работодавачот  да му се исплаќа надомест во висина на износот на пензија  до остварување на правото за редовно пензионирање согласно закон, на седницата се заклучи ,предлогот да се достави до Комисијата за законите од трудовата свера, која е во рамките на ЕСС, да го разгледа предлогот, да направи дополнителна анализа во консултации со претставници од Фондот за пензиско-инвалидско и Фондот за здравствено осигурување и да го подготви предлогот за следната седница на ЕСС.

За барањето

Да се измени член 8 од Општ колективен договор (ОКД) за приватниот сектор од областа на стопанството, кој се однесува на прераспределување на работникот на друго работно место со писмен акт на работодавачот-се предложи од членовите на ЕСС да се врати членот од ЗРО за прераспоредување пред измените на ЗРО од 2005 година.

За барањето

Да се измени и дополни член 24 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, во насока работодавачите во зависност од нивните потреби и финансиски можности, самите да одлучуваат дали на вработените да им го исплаќаат утврдениот надоместок или како замена да даваат на вработените дополнителен слободен ден, се заклучи –како што веќе Министертсвото за труд и социјална политика го даде одговорот, дека Во врска со барањето за измена на член 24 од Општиот Колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, треба предлозите за измена и дополнување да се доставуваат до учесниците, односно потписниците на колективниот договор. Членовите  на ЕСС од страна на синдикатот  и на седницата беа категорични дека за тој член како социјални партнери досега сме преговарале и во овој момент не се согласуваат со бараните измени од страна на работодавачите.

Се заклучи дека првиот предлог дополнително ќе се доработи на Комисијата за работни односи во рамките на ЕСС , а вториот не се прифати.