Седми состанок на Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество на ЕУ и Република Македонија Брисел, 13 март 2013 година

На 13 март 2013 година во  Брисел,се одржа Седмиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество на ЕУ и Република Македонија на  кој присуствуваа членовите на ЗКК од Македонија и тоа,членот  од граѓанскиот сектор г.Сашо Клековски, од синдикатите г.Тихомир Климовски од ССМ, Раде Ненадиќ и  Белинда Николовска од ОРМ како ко-председавач, известувач и висока делегација од Владата -МТСП. На настанот Амбасадорот на Р.Македонија  во ЕУ г. Анреј Лепавцов одржа воведен говор за политичката состојаба на Македонија и нејзиниот напредок во спроведување на реформите на патот кон ЕУ.

На заедничката средба се разледа и усвои   извештајот за Младите и образованиетово  во Македонија, во компарација со младите и образованието во ЕУ.

Учесниците ја донесоа заедничката декларација ставајќи акцент на следните области:
1. Патот на Република Македонија кон ЕУ
2. Напредок во областа на политиката во поглавје 19 ( Социјална политика и вработување) во пристапните преговори и
3. Младите  и образованието

ЗКК им овозможува на социјалните партнери и  организациите на граѓанските општества од двете страни да го следат патот на Република Македонија кон членството во Европската Унија, како и да ги усвојат препораките за Владата на земјата и институциите на ЕУ. ЗКК исто така игра суштинска улога во иницирањето на јавна дебата и во ширењето информации и во ЕУ и во Република Македонија.