Женева, 103 тата Конференција на Собранието на Меѓународната организација на труд

Трипартитна делегација од Р. Македонија составена од претседателите на ОРМ,ССМ, КСС како и претставник од Владата,конкретно од МТСП, присуствуваше на Генералното собрание на 103тата седница на Меѓународната конференција на трудот. во период од 9 до 11.6.2014 година .

На седниците на Конференцијата од 28 мај до 12 јуни 2014 година во Женева, на која учествуваа делегации од 185 земји членки на МОТ се  разгледаа голем број на прашања и проблеми, како  трудовата миграција, стратегии за вработување, начини за зајакнување на Конвенцијата на МОТ бр. 29 за принудна работа.Се усвои текстот за Препораките за дополнување на мерките за ефикасно искоренување на принудната работа и се усвои  новиот обврзувачки протокол за справување со модерните форми на принудна работа и елиминација на современите форми на ропство, од страна на делегатите од владите, работодавачите и работниците со 437 гласа за, 27 воздржани и 8 против.

 

Новиот Протокол е дополнување на постоечката Конвенцијата на МОТ за принудна работа, бр. 29, донесена во 1930 година, за модерно решавање на проблемите, меѓу кои е и трговијата со луѓе. Придружната препорака обезбедува технички насоки за нејзина имплементација.
Протоколот ја зајакнува меѓународната правна рамка преку создавање нови обврски за да се спречи принудната работа, да се заштитат жртвите и да се обезбеди пристап до правен лек, како и надомест на материјална и физичка штета.
Од владите исто така беше побарано да се преземат мерки за подобра заштита на работниците, особено работниците мигранти и беше потенцирана улогата на работодавачите и работниците во борбата против принудната работа.
Членовите на комитетот ја истакнаа огромната улога што ја има Конвенцијата за принудна работа, 1930 (бр. 29), како и Конвенцијата за укинување на принудната работа, 1957 (бр. 105), но заклучија дека празнините во нивното спроведување повикуваат на дополнителни мерки.