Јавен повик за изразување интерес за обука на помирувачи и арбитри

Јавен повик за изразување интерес за обука на помирувачи и арбитри

ИПА – Развој на човечки ресурси 04 06 01

Проектот за унапредување на социјалниот дијалог во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е финансиран од ЕУ, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ), преку канцеларијата на МОТ во Будимпешта.

Крајната цел на овој проект е да се подобри трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок. Тоа ќе се постигне преку подобрување на капацитетите на институциите и унапредување на законодавството, заедно со активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните актери на пазарот на трудот, за ефективно вклучување во социјален дијалог.

Проектот има сеопфатен пристап и има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог, вклучувајќи колективно договарање на национално, гранково и локално ниво.

Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти:
1.    Зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво;
2.    Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор;
3.    Воспоставување механизам за мирно решавање на работни спорови.

Овој јавен повик за изразување интерес е наменет за изнаоѓање кандидати кои ќе бидат заинтересирани за добивање обука за решавање на работните спорови преку помирување и арбитража, користејќи ги алатките на МОТ.

 

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ
Јавен повик за изразување интерес за обука на помирувачи и арбитри
Буџетски раздел: ИПА – Развој на човечки ресурси 04 06 01
MKD/13/02/MKD
Вовед
Земјата-корисничка доби кандидатски статус за пристапување кон Европската унија
(ЕУ) во 2005 година и во повеќе извештаи за напредокот на Европската комисија (ЕК)
беше укажано на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог (СД) меѓу
клучните актери во стопанството и на сите нивоа.
Проектот за унапредување на социјалниот дијалог во рамки на Инструментот за
претпристапна помош (ИПА) се финансира од ЕУ и се спроведува од Меѓународната
организација на трудот (МОТ) под раководство на канцеларијата на МОТ во
Будимпешта. Општата цел на овој проект е проширувањето и зајакнувањето на
трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како средство за
постигнување економски раст и социјален развој. Ова ќе се постигне преку
институционални и законодавни подобрувања заедно со активности наменети за
зајакнување на капацитетите на трипартитните актери на пазарот на трудот за
ефективно вклучување во социјален дијалог. Проектот има сеопфатен пристап и има за
цел да обезбеди техничка поддршка како за институциите, така и за учесниците во
процесите на социјалниот дијалог, вклучувајќи го колективното договарање на
национално, гранково и локално ниво.
Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти што треба да одговорат на
предизвиците со кои што, во моментов, се соочуваат националните трипартитни
актери, на кохерентен и комплементарен начин:
Компонента 1: Зајакнување на трипартитниот социјален дијалог на
национално и локално ниво
Оваа компонента се фокусира на активности за градење на капацитетите
што треба да се спроведат од страна на технички специјалисти на МОТ во
содејство со практичари од земјите-членки на ЕУ (ЗЧ) за теми како што се, на
пример, утврдување на платите во јавниот сектор, утврдување на
минималната плата и нејзината врска со неформалната економија, работни
односи, реформи на социјалното осигурување, активни политики на пазарот
на трудот, вработување на младите, придобивките од колективното
договарање, вклучувајќи ја причинско-последичната врска меѓу платите и
продуктивноста, меѓу другото и за членовите на Економско-социјалниот
совет (ЕСС) и неговиот постојан секретаријат. Проектот, исто така, ќе го
овозможи создавањето на надворешен „фонд“ на техничка експертиза што
Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот е финансиран
од Европската унија
Проектот се спроведува од Меѓународната
организација на трудот
ЕСС ќе може да го користи за да го прошири опфатот на своите
истражувања.
Компонента 2: Поттикнување на колективното договарање и
воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на
сектор
Оваа компонента на проектот ќе ги зајакне капацитетите на владата и на
социјалните партнери за зголемување на ефективноста на колективното
договарање. Ќе бидат осмислени и спроведени мерки со помош на МОТ во
рамките на национален трипартитен акциски план.
Ќе биде зајакнат техничкиот капацитет на Министерството за труд и
социјална политика за проактивно вршење на неговите основни функции за
унапредување на колективното договарање, вклучувајќи го
воспоставувањето стимулативна регулаторна и институционална рамка.
Истовремено ќе се зајакнат и капацитетите на организациите на
работодавачите и на синдикатите за ефективно водење преговори и
обраќање кон потенцијалните членови. Последново ќе се постигне преку
спроведување програма за обука за ефективно вклучување во колективното
договарање што е наменета за организациите на работодавачите и на
работниците на национално и секторско ниво.
Компонента 3: Воспоставување функционален механизам за мирно
решавање на работните спорови
Во рамките на оваа компонента проектот ќе го помогне воспоставувањето
на функционален и економичен механизам за мирно решавање на
работните спорови и ќе обезбеди поддршка за создавањето и обучувањето
на фонд од специјализирани посредници/помирувачи во областа на трудот.
По неговото спроведување се очекува дека новиот механизам ќе им
обезбеди поддршка на социјалните партнери во спречувањето и
решавањето на споровите што се јавуваат во процесот за колективно
договарање.
Јавен повик за изразување интерес во рамки на Активноста 3. 2. 2 Обука на
помирувачи и арбитри:
Овој јавен повик за изразување интерес е наменет за изнаоѓање кандидати кои ќе
бидат заинтересирани за добивање обука за решавање на работните спорови преку
помирување и арбитража, користејќи ги алатките на МОТ.
Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот е финансиран
од Европската унија
Проектот се спроведува од Меѓународната
организација на трудот
Заинтересираните кандидати што ги исполнуваат долунаведените критериуми се
охрабруваат да ги поднесат своите пријави:
Временска рамка
Обуката ќе се одржи во декември 2015 г.
Услови за квалификуваност
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве барања:
– Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија;
– Кандидатите треба да имаат најмалку диплома за завршено високо образование и
минимум 5 години работно искуство во областа на трудовото право/работните односи;
– Кандидатите треба да поседуваат напредни знаења од сферата на трудот и системот
за индустриски односи во земјата;
– Кандидатите не смеат да бидат предмет на какви било законски санкции што би им
оневозможиле да ги вршат своите професионални должности.
Оваа обука дава можност за дополнително добивање лиценца за помирување и
арбитража во работни спорови.
Начин на пријавување
Се молат заинтересираните кандидати да ги поднесат своите кратки биографии (CV) и
мотивациски писма до 15 ноември 2015 година на simjanoska@ilo.org и
jovanovska@ilo.org.
Комисијата го задржува правото да ја прифати или одбие која било пријава. Успешните
кандидати ќе бидат контактирани од канцеларијата на проектот и ќе добијат детални
информации за обуката.
Канцеларијата на проектот ги покрива сите трошоци поврзани со обуката на
учесниците.