Утврдена минималната плата во стопанството

Минималната плата 8.050 денари

Владата, работодавaчите и синдикатите, на седницата на Економско-социјалниот совет ,одржана на 1 Октомври,  ја договорија минималната плата, која ќе изнесува 8.050 денари во нето или 12.265 денари во бруто-износ.

Премиерот Никола Груевски, оцени дека со утврдувањето на износот на минималната плата ќе се  намали сиромаштијата и ќе се подобри животниот стандард на граѓаните, а ваквата одлука нема да има последици врз економијата.

Согласни сме со ваквата одлука. изјави Димитар Стојановски претседателот на Организацијата  на работодавчи на Македонија.Имајќи во предвид дека во гранскиот колективен договор за  кожарска индустрија  утврдена е најниската плата и изнесува  4.800 денари, а во текстилната индустрија – 5.500 денари“,со овој договор Работодавачите прават консензус  бидејќи се сигурни дека  минималната плата ќе се исплатува на реално утврден учинок на работникот и во двете трудоинтензивни гранки примената на законот за минимална плата ќе биде со одложен период од 3 години. Законот за минимална плата ќе се донесе до крајот на годината, а ќе почне да се применува од 2012 година .