Унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог-семинар организиран од Европските социјални партнери

На 22 и 23 јануари 2015 година во Белград, Р. Србија, во организација на Европските социјални партнери, ETUC, BUSINESSEUROPE, CEEP и UEAPME се одржа семинар со  земјите кандидати за ЕУ , со цел унапредување и зајакнување на социјалниот дијалог. Во рамките на нивната тековна програма за работа како и “Интегрираните проекти за ЕУ социјален дијалог 2014-2016”,  семинарот  се однесуваше  исклучиво на градење на капацитетите во голем број на земји- кандидати за членство.
На овој семинар учествуваа социјалните партнери од Република Македонија, Црна Гора и Србија. Од Организацијата на работодавачи на Македонија учествуваа претседателот  Ангел Димитров и генералниот секретар Светлана Ристовска – Антиќ , како и делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија со 6 претставика од гранките, предводена од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.

 

Целите на семинарот беа : Презентирање на ЕУ социјалниот дијалог и неговите резултати и улогата на европските и националните организации;
– Состојба  на колективното договарање на национално ниво и инструменти за имплементација и следење на ЕУ социјален дијалог;
– Придобивки  од надворешни ЕУ и меѓународни претставници и примери од националните и секторските социјални партнери од други земји;
– Фокус на идни активности и соработка меѓу социјалните партнери, национално следење на најдобар начин за изградба на капацитетот на социјалните партнери.
На семинарот се одржаа  посебни состаноци со работодавачите и синдикатите и заеднички пленарни седници.

Во текот на семинарот сите учесници констатираа дека регионов заостанува во поглед на социјалниот дијалог во однос на државите со долгогодишна традиција во областа на социјалниот дијалог. Со помош на МОТ и користењето на добрите практики од странство треба да се забрза и унапреди и дијалогот во Македонија, Црна Гора и Србија.
Беше истакнато дека во иднина на ваквите семинари е потребно да се покануваат и преставници од владите, затоа што, нивното учество во социјалниот дијалот како трет партнер е од исклучително значење.