Трипартитната делегација од Македонија учествува на годишната Меѓународна конференција на трудот

 

На редовната годинешна конференција на МОТ  која се одржува во Женева во периодот од 16 до 20 јуни 2013 година,учествува и Трипартитната делегација од Македонија претставувана од  заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров,претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски како и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Мирјана Андреска.

Конференцијата на МОТ се одржува во периодот од 5 до 20 јуни годинава. Претставува годишно Собрание и тело кое ги усвојува меѓународните стандарди за труд.

Hа ова Собрание  се разгледуваат,  Предлог-програма и  предлог-буџет за 2014-2015 година и  Извештајот за примената на конвенциите и препораките, како и  темите за: вработување и социјална заштита во новиот демографски контекст и одржлив развој, пристојна работа и зелени (еколошки) вработувања, за стратешките цели на социјалниот дијалог, како резултат на Декларацијата за социјална правдина за фер глобализација на Меѓународната  организација на трудот од 2008 година.
Заменик министерот Ибрахими говорејќи за социјалниот дијалог во  Македонија,  истакна: ”Во Република Македонија  воспоставени се основите, односно соодветна закомска рамка за функционирање на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог” и додаде дека определбите и приоритетите на  Владата на Република Македонија во изминатите години, а и во наредниот период, ќе бидат  насочени кон развој и унапредување на функционален и ефикасен социјален дијалог на сите нивоа.

 

Во своето обраќање, заменик министерот за труд стави акцент на континуираната заедничката соработка со социјалните партнери која што резултира со подобар бипартитен социјален дијалог, но и со  поттикнување на трипартитниот социјален дијалог на локално ниво. 

“Воспоставувањето на ефикасен и функционален социјален дијалог може да функционира доколку има изградени капацитети кај сите партнери . Од овие причини во рамките на своите можности, Владата на Република Македонија во изминатиот период во континуитет презема активности за подобрување на капацитетите преку тековно вклучување во подготовка, имплементација и следење на политики, стратешки документи и имплементација на проекти”, информираше заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.

 

(преземено од страната на МТСП)