Работно обележан светскиот ден на штедењето

 

 


 

Социјалните партнери од секторот за финансиско посредување го обележаа светскиот ден на штедење. На ниво на гранка за финансиско посредување потпишан е колективен договор. Социјалните партнери обележувајќи го светскиот ден на штедење го продолжија колективното преговарање и на состанокот се разгледуваа прашањата за најниската пресметковна единица и мерките кои може да се преземат за подобар социјален дијалог. Претседателот на здрружението од финансиски дејности г-ѓа Николина Миланова ја истакна силната потреба од здружување и кај работодавачите и кај синдикатите како основен предуслов за унапредување на социјалниот дијалог и колективното преговарање на сите нивоа.