Промоција на Прирачник за Законот за работни односи

Прирачникот за Практична примена на Законот за работните односи беше промовиран во

Штип на 13 Октомври,
Битола на 19 Октомври,
Струмица на 26 Октомври и
Скопје на 3 Ноември

На промоциите активно учествуваа 140 претставници од малите, средните и големите компании. Од страна на Комисијата која го изработи прирачникот беа презентирани и најновите измени во Законот за работните односи од Септември 2010. Претставниците од компаниите ги искажаа своите забелешки и дадоа предлози за измени во ЗРО кои институционално од наша страна ќе бидат претставени на следната седница на Економско социјалниот совет.