Потпишана спогодба за основање на Локален Економско Социјален Совет во општина Гази Баба


 

 

Претседателот на Организацијата на работодавачи на Макеоднија Ангел Димитров, Градоначалникот Тони Трајковски и претседателите од Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија потпишаа Спогодба за основање на Локален Економско Социјален Совет- ЛЕСС на општина Гази Баба, кое ќе претставува консултативно и советодавно тело.

Консултативно-советодавната функција на ЛЕСС ќе се однесува на разгледување на прашања и давање мислења, предлози и препораки до Советот на Општината Гази Баба како и на други органи на државната управа за одредени прашања од економско социјалната сфера. Исто така, ќе има значајна улога и за прашања од темата вработување на младите и зајакнување на суштинските врски помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем.

Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, истакна дека ова е прв локален економско социјален совет во Скопје, кој се формира без меѓународна поддршка и дека социјалните партнери во Македонија се на добар пат во развивањето и институционализирањето на социјалниот дијалог. Изгледа дека сите ја сфативме суштината на социјалниот дијалог. ЛЕСС е добра алатка за решавање конфликти и за постигнување решенија.

Градоначалникот на општината Тони Трајковски рече дека од формирањето на ЛЕСС големи придобивки ќе имаат сите страни. Гази Баба е општина со најголем број стопански објекти и работните односи имаат посебно значење. ЛЕСС ќе биде сериозен инструмент за заедничка размена на информации меѓу локалната самоуправа, синдикатите и работодавачите, како и место за разговор за решавање на проблемите. Посебно би истакнал дека во работата на локалниот совет ќе бидат вклучени Агенцијата за вработување, невладините организации, учениците, средношколците, пензионерите и други здруженија, објасни Трајковски.

Значајно е што социјалниот дијалог и формирањето локални економско – социјални совети (ЛЕСС) се случува во време на светска економска криза, при што Република Македонија е пример за развој и институционализација на социјалниот дијалог.

Претставници од Организација на работодавачи во овој Локален економско социјален совет се : Зоран Здравев – ,,Европа”, Aлександар Стојаноски – ,,Алкалоиди Митко Кочовски – ,,Макстил