Потпишана Спогодба за основање Локален економско – социјален совет на Град Скопје.

Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски, и В.Д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Виолетка Спасевска. На настанот учествуваше и Џејмс Стејн, директор на “УСАИД“, организација која преку својот проект “Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“ (Мрежа YES) активно и логистички го поддржува основањето на локални економско – социјални совети во Република Македонија.

Ангел Димитров, претседател на ОРМ, нагласи дека формирањето ЛЕСС на Скопје има посебна тежина, затоа што половината на бруто општествениот производ на Македонија се создава во главниот град. Тука се лоцирани најголемите претпријатија и оттаму ние предложивме некои од нив како учесници во работењето на овој форум. ЛЕСС е значајно консултативно тело, кое меѓу останатото е мерило за тоа колку социјалните партнери меѓу себе се почитуваат.

 

Основна цел и задача на ЛЕСС е воспоставување на јавно-приватен дијалог и иницирање на проекти за развој на Градот Скопје, подобрување на севкупното живеење, подобрување на квалитетот на работењето на Локалната самоуправа, јавните претпријатија, обезбедување на поефикасни услугите за граѓаните и бизнисите, што во крајна инстанца ќе придонесе за економски развој на Градот во целост, и особено намалување на невработеноста на младите. Сметам дека ваквите состави, во кои несебично се вложуваат и дејствуваат претставници од јавните претпријатија, бизнис-секторот, граѓанскиот сектор, соодветните образовни установи, институции од областа на социјалата и слично, преку заедничките одлуки, прогресивни чекори и претстојни ангажмани, даваат голем бенефит за целокупното живеење во општеството на локално ниво, истакна градоначалникот Трајановски.

Ангел Димитров, претседател на ОРМ, нагласи дека формирањето ЛЕСС на Скопје има посебна тежина, затоа што половината на бруто општествениот производ на Македонија се создава во главниот град. Тука се лоцирани најголемите претпријатија и оттаму ние предложивме некои од нив како учесници во работењето на овој форум. ЛЕСС е значајно консултативно тело, кое меѓу останатото е мерило за тоа колку социјалните партнери меѓу себе се почитуваат.

Во своето поздравно обраќање претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна дека, потписниците имаат не само привилегија да учествуваат во работењето на советот, туку и сериозни обврски и одговорност да се исполнуваат зацртаните цели. Наша задача е на ова консултативно тело да му дадеме една институционална тежина и со тоа да влијаеме врз подобрувањето на условите за живот на граѓаните, а посебно на зголемување на вработеноста на младите луѓе.

В.Д. претседателот на КСС Виолетка Спасевска рече дека пазарот на трудот во Република Македонија од почетокот на транзицијата доживеа тешки моменти. ЛЕСС се модел на консултирање на социјалните партрнери, кој ќе придонесе за подобрување на усогласувањето на пазрот на трудот, при што треба да се преиспитува и усогласува образовниот процес.