Потпишана Спогодбата за измени и дополнување на Колективениот договор за банки

Репрезентативното здружение на работодавачи на друштвата од друго монетарно посредување и дејноста на посредување во работењето во хартии од вредност и стокови договори при Организацијата на работодавачи на Македонија и резентативниот Синдикатот го усогласија Колективен договор за банки со Законот за работни односи и ја потпишаа Спогодбата по колективниот договор за регулирање на правата и обврските на социјалните партнери  во оваа област.

Како Пресметковна вредност за единица коефициент за најнизок степен на сложеност на работниците вработени со полно работно време и нормален учинок во организациите потписнички , го договорија нето износот од 12.200,00 денари.