Панел – Пристојна работа за сите

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија (СМССМ) со прес-конференција и панел дебата на тема “Пристојна работа за сите” го одбележа 7 октомври „Светскиот ден на пристојната работа“.
На прес-конференцијата претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски ја истакна идејата од каде произлегува концептот за пристојна работа, потенцираше дека синдикатот е определен да се бори за да се ценат вредностите на трудот, да се следи трендот на остварување и зголемување на работничките права согласно воспоставените стандарди признати во светот.
Споредбено увоз-извоз, увозот е многу повисок, со пропорција околу 62% – 38%, што не е во полза на растот на економијата во земјата. Треба да се стимулира извозот на земјата, од страна на државните институции, а на тој начин ќе расте волуменот на работењето на компаниите и нивниот број на вработени – истакна Претседателот Небо Хоџа на средбата.
Во прилог е во целост  обраќањето на Претседателот на Организација на работодавачи на Македонија  Ангел Димитров
Панел – Пристојна работа за сите
Почитувани, чест ми е и задоволство што можам во името на Организацијата на работодавачи на Македонија  да Ви го честитам „7 Октомври“ – Светскиот ден за пристојна работа.
На 26 Март ова година социјалните партнери и преставниците на Владата потпишавме  Меморандум за разбирање за имплементација на Националната програма за пристојна работа во присуство на директор на МОТ за Централна и Источна Европа Господинот Антонио Грациози.
Националната програма предвидува 3 приоритети:
1)    Инклузивен раст проследен  со отворање на нови работни места и одржливи претпријатија
2)    Ефективен социјален дијалог и
3)    Формализирање на неформалната  економија

Јас во оваа пригода ќе се задржам само на првиот приоритет.

Вработувањето е се уште клучен проблем во Р. Македонија но треба да го гледаме  истовремено со проблемот на иселувањето на младите од Земјава.
Развојот на претпријатијата е главен двигател за инклузивен раст и отворање на нови работни места.
Претпријатијата работат во специфични политички, социјални и економски услови кои се различни за секоја земја, но се судираат со конкуренцијата на домашниот и странскиот пазар, со претпријатија од разни земји.
Економскиот развој е динамичен процес кој тече во повеќе фази и затоа клучните фактори за потикнување на конкурентноста на домашните претпријатија се различни од фазата во која се наоѓа Земјата
Според глобалниот извештај за конкурентноста на  Светскиот економски форум земјите се делат во три групи:
–    Земји со БДП понизок од  2.000 УСД по жител, каде економиите се водени од традиционалните фактори за производство. Овие економии се потпираат врз евтина работна сила и евтини природни ресурси.
–    Втори се земјите кои имаат БДП помеѓу 3.000 и 9.000 УСД и нивните економии се наоѓаат во фаза на ефикасност. Нивната економија не  се базира врз евтини цени, туку врз квалитетот на производите. Во оваа фаза клучни се ефикасните пазари на добра и на работна сила, финансиските пазари, знаењето и пристапот до најнови технологии т.е. технолошката опременост на претпријатијата.
–    За најразвијните земји со БДП по жител од 17.000 УСД конкурентните предности произлегуваат од способноста за иновации, софистицираноста на производните процеси и производство на нови софистицирани производи и услуги во кои има најмногу дадени вредности.
–    Ова не значи дека сите овие фактори не се битни  за сите земји, но во зависност од развиеноста имаат различно поголемо или помало значење
Македонија во последните години успеа да ја подобри својата конкурентност. Така во 2008 година бевме на 94 позиција, а во 2013 година на 73 позиција или се подобривме за 21 место на ранг листата од земји со БДП до 9000 УСД.
Кај извештајот на DoingBusiness на Светска банка овој раст е уште подобар – скокнавме од 75-тото место на 23-тотот место кое е за  52 позиции погоре.

Разликите во овие две споредби потврдуваат дека имаме поповолен ранг во бизнис опкружувањето, а полош ранг кај конкурентноста. Ова значи дека во иднина потребно е да ја зголемиме конкурентноста на нашите претпријатија преку раст на инвестициите, пораст на продуктивноста и се разбира извозот.
Овие фактори исто така се клучни за раст на БДП, вработеноста и  животниот стандард на населението.
Ако ги анализираме податоците  на индустриското производство ќе видиме дека тоа  во 2013 година е се уште за 6,7 % пониско од 2009 година- „пред почетокот на кризата”.
Од анализата на структурата на БДП ќе видиме дека во 2013 година во однос на 2008 година се намалило учеството на  вкупната индустрија од 21% на 14%, на земјоделството од 10% на 9%, а учеството на градежништвото е зголемено од 4,9% на 8,5%. Дополнителен проблем преставува финансирањето на големите инфраструктурни објекти, кое главно е на кредит и ја зголемува задолженоста на земјата. Ова значи дека, можностите за одржување на повисок развој преку вложување во инфраструктурата во иднина ке бидат ограничени.
Стапката на вработеност во овој период е зголемена за 3,3%, а стапката на невработеност е намалена за 5,2% што не е добар показател.
Од друга страна, стапката на вработеност како  учество во вкупното население изнесува 33% што зборува за неискористеноста на нашиот човечки потенцијал.
И покрај успехот во намалувањето на трговскиот дефицит и поголемиот раст на извозот во однос на увозот, сепак во Р. Македонија увозот учествува со 74,5% во БДП, а  извозот со 53 % и овој диспаритет е клучен  проблем за Македонската економија.
Македонија бележи постојан раст на учеството на инвестициите  во БДП и во 2000 година  тоа изнесувало 16,2%, а во 2012 година 22,9%, но тоа е сепак многу пониско од другите во европските земји во транзиција.
На пример, Словенија има 57.141 долари инвестиции по жител, Чешка – 46.580 долари по жител, Хрватска – 26.811 долари по жител, Албанија – 14.650 долари по жител, а Македонија има 8.369 долари по жител.
И кај странските инвестиции и покрај огромните напори на Владата за нивно привлекување, состојбата е слична. Естонија има  13.941 долари странски инвестиции по жител,  Чешка 9.297долари по жител, Словенија  4.647 долари по жител, Македонија 2.018 долари по жител и  БИХ само 1.798 долари по жител.
Од податоците се гледа дека Македонија мора и понатаму да ги стимулира инвестициите, како странски така и домашни. Особено во индустријата и извозно  ориентираните рејности. Но исто така оние дејности кои ќе донесат повисока технолошка ефикасност, повисоки плати и раст на стандардот на вработените.
За оние што мислат дека во капитализмот тоа е работа само за компаниите, се лажат, затоа што според извештаите на Европската комисија, Македонија има  помал државен   интервенционизам во економијата од просекот на Европа.
Бројот на мерките кои ги превзема Владата од година во година се зголемуваат, но износот што се одвојува од Буџетот на Р. Македонија за оваа намена е испод 1% од БДП.
Либералниот капитализам одамна е изумрен, по урнек на високо развиените капиталистички држави, државата мора да реагира во домашната економија и да ја зголеми конкурентноста на домашните компании.
Само на тој начин ќе отвораме нови работни места и ќе го подигнеме животниот стандард на населението.
Активните политики за вработување и другите мерки за поттикнување на вработеноста ќе имаат многу поголем успех ако ги помогнеме компаниите да отвораат нови работни места.