Организација

Како се организирани работодавачите во ОРМ?

Основен облик на организирање и работење на Организацијата се Здруженијата на работодавачи на ниво на гранка, односно дејност.

Здруженијата претставуваат нашата сила и овозможуваат поврзување на работодавачите во рамки на една дејност,и сите заедно во единствена Организација со утврдени цели и насоки за дејствување.

Организацијата на работодавачите работи според усвоен Статут на организацијата.

Организацијата на работодавачи е формирана преку следните органи:

    • Собрание;
    • Управен одбор
    • Претседател и
    • Надзорен одбор.