ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ПРАВНИК

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ПРАВНИК

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ПРАВНИК
јануари 17, 2024

Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ е единствена репрезентативна Организација на работодавачи од приватниот сектор, членка на Економско социјалниот совет на Владата на РСМ, која претставува над 15 сектори, во кои се вработени скоро 58 512 вработени во 2704 претпријатија од приватниот сектор во Република Македонија. Организацијата ги застапува интересите на работодавачите воопшто и посебно во социјалното партнерство,  се грижи за развој и остварување на правата и слободите на работодавачите, колективно договарање, склучување и спроведување на Општиот колективен договор за приватниот сектор за стопанство во РСМ и Колективни договори на ниво на дејности.

Доколку сакаш да бидеш дел од Тимот на ОРМ и очекуваш да имаш Успешна Работна Кариера и си амбициозен/а, посветен/а и тимски играч, Аплицирај за Вработување во Извршната Канцеларија на ОРМ за работното место:  – Правник  и доставете ни: Мотивационо писмо, CV и Уверение/Диплома за завршено образование на email: rabotodavaci@gmail.com до 31.01.2024.

ПРАВНИК

Потребни квалификации:

  • Правен факултет

Компетенции:

  • Стручност, посветеност и одговорност во извршувањето на работните обврски, способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено и брзо носење одлуки, насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи, самоиницијативност, комуникациски вештини и тимска работа
  • Солидно познавање на Законите од трудовата сфера
  • Високо познавање англиски јазик и напредна компјутерска писменост

 Работни обврски:

  • Ги следи, известува за промените и применува законските и подзаконските прописи
  • Изготвува правни акти на ниво на организација (договори, решенија, спогодби, одлуки, записници и сл.)
  • Изготвува документација до државните институции
  • Изготвува правни мислења и анализи на релевантни закони од трудовата сфера и колективни договори;
  • Подготовка на документи за предлог промени на закони и колективни договори
  • Интензивна  соработка со членки
  • Архивира документација и податоци за вработени,
  • Врши административно технички работи
  • Ажурирање на базите на податоци за членки;
  • Учество во реализација на проекти
  • Активно учество во конслултативни процеси и теренско прибирање податоци (интервјуа и фокус групи)
  • Средби со засегнати страни (активен придонес во содржина)
  • Активно учество на настани што ги организираат партнерите и соработниците
  • Организирање на обуки (физички и вебинари)
  • Архивира документација и податоци за вработени,
  • Врши административно технички работи
  • Врши и други работи по налог на непосредниот раководител

За предност ќе се смета:

  • Работно искуство од трудовата област и социјалниот дијалог се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија