ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ЕКОНОМИСТ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ЕКОНОМИСТ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – ЕКОНОМИСТ
јануари 17, 2024

Организацијата на работодавачи на Македонија– ОРМ  е единствена репрезентативна Организација на работодавачи од приватниот сектор, членка на Економско социјалниот совет на Владата на РСМ, која претставува над 15 сектори, во кои се вработени скоро 58 512 вработени во 2704 претпријатија од приватниот сектор во Република Македонија. Организацијата ги застапува интересите на работодавачите воопшто и посебно во социјалното партнерство,  се грижи за развој и остварување на правата и слободите на работодавачите, колективно договарање, склучување и спроведување на Општиот колективен договор за приватниот сектор за стопанство во РСМ и Колективни договори на ниво на дејности.

Доколку сакаш да бидеш дел од Тимот на ОРМ и очекуваш да имаш Успешна Работна Кариера и си амбициозен/а, посветен/а и тимски играч, Аплицирај за Вработување во Извршната Канцеларија на ОРМ за работното место:  – Економист и доставете ни: Мотивационо писмо, CV и Уверение/Диплома за завршено образование на email: rabotodavaci@gmail.com ,до 31.01.2024 

Работно место од областа на Економијата

Потребни квалификации:

  • Завршени дипломски студии по економија, бизнис и/или финансиски менаџмент, меѓународна економија и финансии

Компетенции:

  • Аналитичност, прецизност и запазување детали и длабинска анализа во работењето, способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено и брзо носење одлуки, насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи, самоиницијативност, комуникациски вештини и тимска работа
  • Високо познавање англиски јазик и напредна компјутерска писменост

 Работни обврски:

  • Следење на економските трендови во земјата и регионот
  • Пишување анализи и извештаи (длабинска и критичка анализа)
  • Интензивна комуникација со членки
  • Средби со засегнати страни (активен придонес во содржина)
  • Вклучување во консултативни процеси
  • Придонес во креативни решенија за визуелизација на податоци, информации, наоди и резултати од аналитичко-истражувачката работа
  • Прибирање и средување податоци од секундарни извори
  • Описна анализа на податоци (графикони, табели, крос-табулации)
  • Економетриска анализа на податоци
  • Учество во реализација на проекти
  •  Организирање на обуки (физички и вебинари)
  •  Активно учество во теренско прибирање податоци (интервјуа и фокус групи)
  •  Активно учество на настани што ги организираат партнерите и соработниците
  • Сметководствена евиденција на фактури,сметки
  • Врши и други работи по налог на непосредниот раководител

 За предност ќе се смета:

  • Работно искуство од трудовата област и социјалниот дијалог се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија