Обраќање на Претседателот на ОРМ

Почитувани,

Дозволете ми најпрвo да се заблагодарам за искажаната доверба до членовите на Собранието на ОРМ. Драго ми е и ми преставува особена чест што на Седницата на 21.06.2012год. бев избран со акламација. Тоа е потврда за моето досегашно 5 годишно работење во ОРМ  , како член на УО и 4 години како заменик претседател. Постепеното растење и јакнење на ОРМ во изминатите години ме мотивираше за уште поголема ангажираност , а вашата поддршка ја зголемува мојата посветеност за уште поголеми заеднички успеси на Организацијата.

Уште од самиот почеток на зачленувањето во ОРМ свесен сум за одговорноста на работодавачите во градењето на политиките за развој на стопанството и водењето на социјалниот дијалог на сите нивоа за создавање на подобра работна клима. А сега како претседател,  подготвен сум да ги слушнам барањата на работодавачите, да ги градиме заедничките ставови и да ја креираме политиката, постигнуваќи консензус за општо добро.

Моето 28-годишно работно искуство во менаџирањето како и 4 годишното искуство како пратеник  во Собранието на РМ се уште една потврда за компетентноста за вршење на функцијата и остварување на зацртаните цели- да бидеме респектабилен  социјален партнер достоен да го унапредува дијалогот со Синдикатите и со Владата, но и да ја интензивираме соработката со останатите партнери во земјата и во странство.

Стојам зад мојата изјава дека во текот на мојот мандат, транспарентноста во работењето , видливоста и значењето на ОРМ и на работодавачите воопшто ќе биде наша главна водилка. Се разбира се во согласност со потребите и барањата на пошироката заедница,  следејќи го патот кон евроинтеграциите.

Со почит,

Ангел Димитров