Неопходна е сериозна дебата за минималната плата за стопанството меѓу ОРМ и Синдикатите

 

Организацијата на работодавачи на Македонија, единствен признат социјален партнер кој ги застапува интересите на работодавачите во социјалниот дијалог, ја прослави седмата година од своето постоење. На свечената седница, почесен гостин беше амбасадорот на Словачка, господинот Роберт Кирнаг кој истакна дека согласно искуството во Словачка во претпристапниот и во преговарачкиот процес,

градењето на доверба, наоѓање на заеднички решенија и тоа не само формално и за ситни прашања туку за темелни, непартиски теми од народен, државен инетрес се важен влог за успех.  Затоа, неопходно е да дојде до промена на перцепцијата на тоа како функционираат институциите,  министрите и останатите владини тела кои треба сами да ги бараат и стимулираат овие односи со социјалните партнери и да ги внесат во политиките консензуално донесените решенија.

Предмет на таков консензус без никакво соменавање е прашањето за најниската плата каде мора да се поттикне длабока дискусија и дебата пред се помеѓурепрезентативните работодавачи и синдикати.