Намалување на невработеноста преку професионализација на советници за кариерно советување

 

 

Организација на                        ЦЕСОР                              Regionálna rozvojová agentúra

работодавачи на Македонија

 

Организацијата на рабoтoдавачи на Македoнија и Центарот за еконoмски и спeцијален развој – ЦЕСОР во сoрабoтка со Региoналната развојна агенција oд Братиславскиот регион од Слoвачка организираа пет дневна обука од 18 до 23 февруари 2013 година, за професиoналци кои вршат подгoтoвка на невработени преку советување и кариерно насочување. Обуката на учесниците од невладиниот и јавниот сектор им овозможи да се запознаат со искуството на Словачка од примената на Европскиот кредит систем за стручно образование кој овозможува признавање на квалификации здобиени преку нефoрмалното образование и кој е суштински темел на реформите за зголемување на вработеноста преку поголема мобилност на европскиот пазар на труд помогнат од интернет платформата ЕУРЕС на центрите за вработување во ЕУ земјите. Посебен акцент во обуката беше ставен на ранливите групи кои се соочуваат со долгорочна невработеност, односно повеќе од една година како лица над 45 години, 56% од вкупниот број неврабетени во мај 2012 г. и млади од 15 до 29 години , 31% од вкупниот број на невработни во мај 2012 г.

Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија е особено засегната од реформските процеси во Европската Унија и посебно оние кои се однесуваат од областа на вработувањето и борбата со невработеност и кои претставуваат долгорочен проблем за нашето општество. Оваа обука беше дел од проектот “Создавање услови за користење на Европските реформски алатки за пазарот на труд во Македонија преку трансфер на словачко искуство”