Меморандм за соработка на ОРМ со МАЧР

На 26.02.2015 Претседателот на  Организацијата на работодавачи на Македонија г-дин Ангел Димитров и Претседателот на Македонската  асоцијација за човечки ресурси г-ѓа Христина Лозаноска потпишаа Меморандум за разбирање и деловно техничка соработка.    

Како зеднички основни цели за соработка беа нагласени:

-подигање на свеста и развојот на работната сила

-учество во проекти за поттикнување на развојот на човечките ресурси, особено преку подобрување на квантитетот и квалитетот на човечкиот капитал, што води кон повеќе и подобри работни места, повисок раст и развој и поголема национална конкурентност на меѓународно ниво.

-поставување на стандарди за професијата управување со човечките ресурси на национално ниво

-ОРМ ќе се залага за поддршка на МАЧР преку институциите во Република Македонија, соседните држави и Европската унија со кои има воспоставено соработка и други активности