Конференција за Родова еднаквост во работните односи

 


На 4 мај Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Економско социјалниот совет беа домаќини на Конференција на тема Родова еднаквост во работните односи. Од Организацијата на работодавачи учествуваа членовите и замениците во Економско социјалниот совет . Целта на Конференцијата беше да се разгледаат можностите и начините како во сегашната криза да се крерираат нови политки во однос на родовата еднаквост. Презентери беа домашни и меѓународни експерти кои зборуваа по низа важни теми како што се: Принципите на МОТ за еднакво плаќања и дискриминација, Европската домензија на Глобалниот извештај на МОТ за плати 2010/2011 и др. Од страна на домашните експерти беа презентирани Националната студија „Родов јаз во заработувањето“ и Националната студија за политика на плати.