Конституиран Локален Економско –социјален совет во Тетово

На 23 август  во Тетово на свечената седница се формира Локален Економско – социјален совет  и  се одржа Првата конститутивна седница на советот.

Потпишана е Спогодбата за основање трипартитно, од  градоначалникот на Општина Тетово   Сади Беџети, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Раско Мишкоски.

Улогата на советот е  консултативно – советодавна,тоа е трипартитното тело кое ќе ги  разгледува економско- социјалните прашања,  ќе дава свои мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и до другите органи. Конституирањето на советот е помогнато од  УСАИД преку мрежата ЈЕС-мрежа за развој на вештини за вработување кај младите, што значи се нагласи  потребата од поголема посветеност на Советот кон прашањето на вработувањето во општината.

На седницата покрај учесниците од социјалните партнери, советниците на општината присуствуваа и  амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија на САД  Филип Рикер, , претставници на УСАИД и на други организации и институции.