Како Работодавачите да обезбедат место во преговарачкиот тим во Брисел имајќи го предвид хрватското искуство

На работилницата поддржана од Меѓународната организација за труд одржана  во Белград,на тема  Градење на капацитетите на организациите на работодавачи во земјите од поранешна Југославија,за интеграција на директивите од  ЕУ  во домашното законодавство, со цел создавање на поволно законодавно бизнис опкружување , Работодавачите од Словенија која е членка на ЕУ и од Хрватска која доби датум за пристап ни беше презентирано искуството од предпристапниот процес на земјата.

Предпристапните преговори се преговори на кои се расправа за условите со кои земјите-кандидатки можат да пристапат во Европската Унија. Земјите кандидатки не преговараат за acquis на  ЕУ, туку за условите и начинот на нивното превземање и примена. Затоа и многу често се споменува дека предпристапните преговори не се сметаат за класични преговори , туку тоа е еден вид на процес на прилагодување на земјите кандидатки кон вредносниот, правниот и општествениот состав на ЕУ.   Преодните периоди мора да бидат временски ограничени и со одреден опсег. (Доколку земјата кандидатка до моментот на стапување во полноправно членство заради оправдани причини не може да ги прифати и во потполност да ги примени acquis во одделно поглавје на преговори, земјата кандидатка може да побара преоден период за тоа поглавје во преговорите.

Искуството на Хрватска и препорака до  работодавачите  од ОРМ е да ги искористи институционалните можности како социјален партнер и член на Економско социјалниот совет да обезбеди место за еден преговарач од страна на работодавачите во преговарачкиот тим во Брисел, за Македонија.

 

Поглавје 19  содржи :

Социјален Дијалог :

Acquis во социјалната сфера вклучува минимални стандарди во областа на трудовото право, еднаквост, здравјето и безбедноста при работа и дискриминација.  Државите Членки учествуваат во социјалниот дијалог на европско ниво и во политичките процеси на ЕУ во областа на вработувањето и придонесуваат кон напорите на социјална инклузија и социјална заштита. Европскиот социјален фонд е главниот финансиски инструмент преку кој ЕУ го поддржува спроведувањето на нивните стратегии за вработување и придонесува кон социјалната инклузија (правилата за спроведување се опфатени во  Поглавје 22, кое се занимава со сите структурни инструменти).

Проблеми во трудовото законодавство  на кои треба да се посвети големо внимание особено кога се преведуваат Директивите е делот во кој се предочува потребата –која е целта и зошто е неопходно транспонирање на соодветната директива.  Прекувремена работа,годишни одмори, секторски прописи (сите области на прекуграничниот транспорт, области кои се запознаени со институтите за пасивна и активна должност-здравство, области кои содржат карактеристики на повеќе сектори, како што е риболов итн.)

Пример кај Дитрективата за работното време,Цел на директивата е да се усвојат минималните барања кои покриваат одредени аспекти  од организирање на работното време, а кои се во врска со безбедноста и заштитата на здравјето при работа. (Директивата за работно време е веќе транспонирана во македонската легислатива)

На работилницата беше презентирано и искуството од транспонирањето на Директивата за работничките совети  во Хрватска. Дилемите за директивата се слични со дилемите во Македонија. Во  Македонија  претставниците од МТСП ги консултираа репрезентативните социјални партнери –Работодавачите и Синдикатите во поглед на транспонирањето на истата. Првиот дел кој се однесува на информирањето на работниците и формирањето на работнички совети на европско ниво за транснационални компании, партнерите се изјаснија дека немаат забелешки во поглед на транспонирањето.Но во вториот дел на директивата формирање на работнички совети на ниво на компании со цел подобро информирање на работниците социјалните партнери заради одредени нејаснотии побараа одложување на тој дел.

За пошироко информирање на работодавачите на веб страната на ОРМ се прикачени примери на преведени директиви на хрватски во делот,индустриските односи,Иницијатива за вработување, Начела за социјалната сигурност и …