Завршна конференција – Намалување на невработеноста преку словачкото искуство со обука на невработените за краиерно советување

 

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

 



Ве покануваме на завршната конференција по проектот КОКУРТ на 27.09.2013 во 10:45 ч. во зградата на Стоопанска комора, сала број 1. петти кат.

Организацијата на работодавачи на Македoнија -ОРМ  и Центарот за економски и социјален развој – ЦЕСОР во сoработка со Регионалната развојна агенција од братиславскиот регион од Словачка  го реализираа двегодишниот проект  за  подготовка на невработените  преку советување и кариерно насочување до вработување.

Партнерството меѓу ОРМ  и јавниот сектор – АВРМ  овозможи преку анализа на податоците за пазарот на трудот, подготовка на професионална програма за обука на професионалци од словачките експерти, со студиската посета во Словачка на обучените обучувачи да се реализираат обуки на  млади невработени лица во  четири центри низ Македонија.

Крајниот резултат на проектот е можноста на јавно-приватните професионалци  да се запознаат со искуството на Словачка од примената на Европскиот кредит систем за стручно образование кој овозможува признавање на квалификации здобиени преку неформалното образование и кој е основа  на реформите кои имаат цел да ја зголемат вработеноста и да овозможат  поголема мобилност на европскиот пазар на труд. Мобилноста на европскиот пазар на труд е овозможена со  интернет платформата ЕУРЕС на центрите за вработување во ЕУ земјите.   Посебна таргет група на проектот  : “Создавање услови за користење на Европските реформски алатки за пазарот на труд во Македонија преку трансфер на словачко искуство”, беа ранливите категории на невработени лица.Тоа се лицата со долгогодишна невработеност, повеќе од една година , како и лица над 45 годишна возраст кои заедно опфаќаат 45% од вкупно неваботените и млади од 15 до 29 години, кои се 31% во 2012 година.

ОРМ како легитимен социјален партнер и член на Заедничкиот консултативен комитет на Македонија дел од Европскиот економски социјален совет годинава го подготви извештајот за младите и вработувањето во Македонија. Врз основа на тој извештај европските членови од ЕКОСОК ги дадоа препораките за движењето на Македонија на патот кон ЕУ.Токму овој проект помогна за подготвување на извештајот во борбата против невработеноста која е долгогодишен проблем во услови на светска економска криза. Проектот овозможи поврзување на работодавачите, граѓанскиот сектор, агенцијата за привремени вработувања и јавниот сектор- АВРМ преку Центрите од Штип, Скопје, Велес, Битола и Струмица) обучените обучувачи да го пренесат словачкото искуство во подготовка на невработените полесно да дојдат до своето вработување.

 

Партнери на проектот

Регионална развојна агенција – Сенец Пезинoк, Словачка

Организација на работодавачи на Македонија

Центар за економски и социјален развој– ЦЕСОР