Економско социјалниот совет ја одржа петтата седница

Економско-социјалниот совет на 28.3.2011 година, ја одржа петтата седница, на која што учествуваа четирите претставника од ОРМ ,претседателот на Економско-социјалниот совет и министер за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами и другите членови на Советот. Од страна на ЕСС беа разгледани: Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи и Информација за учество на делегација на Република Македонија на 100-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева во јуни 2011. Претседателот на ЕСС, ги информираше членовите, дека целта на измените е постапување и усогласување со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија, конкретизирање и допрецизирање на одделни одредби од законот, согласно предлозите и заклучоците на Економско- социјалниот совет и промени во делот на прекршочните одредби, заради воедначен пристап во примена на истите од страна на прекршочните комисии и судовите.

Се истакна дека во измените на законот е предвидено, по исклучок, работниот однос заснован со договор за вработување на определено време може да се трансформира во работен однос на неопределено време и пред истекот на рокот од пет години ако работникот работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства, доколку работодавачот утврди дека има трајна потреба од работникот, под услови и на начин утврдени со закон.

Македонска делегација ќе учествува на 100– тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, во јуни 2011 година. Соласно воспоставената пракса на  оваа конференција ќе учестуваат министерот за труд и социјална политика и претставиниците на репрезентативите синдикати и организацијата на работодавачите односно претставници од Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерација на слободни синдикати и Организација на работодавачите на Република Македонија. По однос на овие прашања, членовите на Советот дадоа и свои мислења и сугести.