Еврокомесарот Штефан Филе го отвори четвртиот форум на граѓанското општество на Западен Балкан

На четвртиот форум на граѓанското општество за Западен Балкан кој се одржа  во Загреб на 26 и 27 ноември, на кој учествуваа двајцата членови од ОРМ од  Заедничкиот консултативен комитет за економски и социјални прашања,  Еврокомесарот Штефан Филе  ,кој го отвори форумот, побара поддршка за преговорите на ЕУ со Македонија, оценувајќи дека тоа ќе ги забрза реформските процеси во земјата и ќе ги зајакне меѓуетничките односи.

„Треба да покажеме дека европската перспектива на земјата е реална. Силно веруваме дека придвижувањето на пристапниот процес во следната фаза ќе го задржи темпото на реформи. Земјата е добро подготвена, но преговорите се потребни за ЕУ подлабински да  се посвети на прашања како што се владеењето на правото и борбата против организираниот криминал“,

На форумот учествуваа над 150 уичесници, претставници на социјалните партнери,како работодавачи, така и синдикати и претставници на граѓанското општество.Се дискутираа важните теми како што се, односите меѓу ЕУ и Западен Балкан, напредокот и реформите, потребата од заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклученоста на организациите од граѓанското општество во процесот на проширување како и руралниот развој и вработување.

Финалниот текст од  Декларацијата, кој беше усвоен од членовите на Европскиот комитет за економски и социјални прашања ќе го објавиме по одобрение од Комитетот.