Градиме партнерства за социјален и економски раст

Организацијата на работодавачи на Македонија организираше настан на 29.09.2011 г. посветен на градење партнерства со невладини организации и владини тела кои се засегнати од темите како: невработеност, образование,  долгорочно  учење и обука на кадри, работна сила: движења и градење на вештини, општествена одговорност, креирање на политики, анализа и мислења по закони од социо-економската област.

Сите овие теми претставуваат сериозен предизвик за нашето општество и единствено со партнерства меѓу сите засегнати страни во креирањето на програми, стратегии и проекти, шансите за постигнување на посакуваните резутати се најголеми, заклучија учесниците на настанот.

Настанот е дел од серијата средби и дискусии кои Организацијта на работодавачи на Македонија со партнерите од Регионалната развојна агенција на Братиславскиот регион ги реализира во рамки на проектот Зајакнување на капацитетите на Организацијата на работодавачи на Македонија на пат кон ЕУ, со поддршка на Европската Унија.