ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ДЕЛУВАЊЕ

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

За било какви дополнителни информации ве молиме јавете се на нашиот број:

конкурентнаПЛАТА
Истражување за плати, додатоци и надоместоци

ПРИКАЖИ

Меѓународна организација на трудот – Intenational Labour Organisation  

Како репрезентативна организација на работодавачи, ОРМ ги претставува работодавачите во Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева и учествува на годишната светска конференција на која се донесуваат нови конвенции од областа на работни односи, а истите покасно ги ратификуваат владите на земјите учеснички.

 

Меѓународната организација на работадавачи – International organization of employers IOE

ОРМ е член на Меѓународната организација на работодавачи која воедно е единствениот претставник на бизнисот во дебатите за социјална и политика за вработување што се одржуваат во МОТ, низ ОН, Г20 и други форуми кои се појавуваат. За да ја исполни својата мисија, организацијата постојано ја зголемува својата меѓународна улога бидејќи ги претставува организациите на работодавачи и нивните членови на сè поголем број глобални форуми.

 

ЕУ – Македонија, заедничкиот консулативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество

ОРМ има две од четири места за работодавачите во овој комитет кој разгледува прашања од економско-социјален интерес кои се предлагаат од двете страни и кои се поврзани со процесот на интегрирање во ЕУ, зајакнување на соработката меѓу ЕУ и граѓанското општество. Зедничкиот комитет се состои од асоцијации на работодавачи, сидникати и невладини организации и членови од Европскиот економско социјален комитет.

Европско економски-социјален совет 

Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е советодавен орган на Европската Унија, кој ги вклучува претставниците на различните интересни групи во цивилното општество,да учествуваат  со своите студии, препораки и совети да ја помагаат работата на Советот на Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.

ЕЕСК е основан во 1957 година. Со договорот од Рим овој комитет е основан како механизам со кој интересните групи на цивилното општество ќе се вклучат во заедничкиот пазар и ќе се воспостави комуникација меѓу економските и општествените актери и институциите во ЕУ. Комисијата, Советот и Парламентот на ЕУ се должни да го консултираат Комитетот при донесувањето одлуки во областа на економската и социјалната политика.

ЕЕСК од своја страна може  да дава предлози во врска со сите други прашања по  сопствена иницијатива. ЕЕСК има 317 членови од сите држави во ЕУ, со тоа што бројот на претставниците од секоја држава  се одредува сразмерно на бројот на жителите.

Членовите на ЕЕСК ги застапува интересите на различни сектори на цивилното општество и тоа: работодавачи, вработени и граѓански здруженија.  Членовите ги предложуваат националните влади, а ги поставува Советот на ЕУ со мандат од четири години. Секои две години ЕЕСК избира Управен одбор, кој има 37 членови.

Комитетот се состанува на пленарна седница, која се одржува еднаш годишно. Во меѓувреме работните групи во Комитетот одржуваат постојана комуникација со економските и социјалните совети на национално ниво, со тоа што прибираат информации и организираат заеднички дискусии.

ЕЕСК разви широка соработка со економските и социјалните совети ширум светот. Со овие совети секоја втора година организира заеднички состанок од меѓународен карактер.

Комитетот е поделен на шест секции, кои се занимаваат со различни области од економскиот и општествениот живот. Тоа се NAT групата, за земјоделството, руралниот развој и заштитата на животната средина; во групата ECO се економската и монетарната унија и економската и општествената кохезија; во SOC групата се политиката на вработување, социјалните прашања и граѓанските прашања; INT е за заедничкиот пазар, производството и потрошувачкото општеств; TEN е за транспортот, енергијата, инфраструктутрата и информатичкото општество и REX е за надворешни работи.

Во рамките на REX групата постојат делегации за различни региони од интерес за ЕУ, меѓу кои е и контакт – групата за Западен Балкан. Задача на оваа контакт – група е да одржува и да ги развива односите со цивилното општество и со економските и социјалните совети во региониот. Им помага да воспостават односи со институциите на ЕУ и учествуваат во процесите на стабилизација и придружување. Пред неколку години во организација на оваа работна група е одржан прв Форум на цивилното друштво на земјите на Западен Балкан.

Двапати годишно ЕЕСК објавува конкурс за објавување приправнички стаж во траење од пет месеци.

Веб адресата на ЕЕСК е eesc.europa.eu

 

Заеднички консултативен комитет на граѓанскиот сектор на Република Северна Македонија

Земајќи ја  предвид политичката поддршка , искажана на 4-от состанок за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Република Северна Македонија на 24 Јули 2007 година, Советот за стабилизација и асоцијација изрази поддршка за барањето на Република Северна Македонија да формира Зеднички консултативен комитет со Европскиот економско социјален совет.

Согласно  заклучоците прифатени од страна на учесниците на Форумот на граѓански општества од Западен Балкан одржан на 4-5 јуни 2008 се конституира Заеднички консултативни комитет со граѓанските организации на Република Македонија ,за зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу претставниците на  граѓанските организации , социјалните партнери  и Владата.

Заеднички консултативен  комитет на граѓанскиот сектор на Р.С. Македонија брои дванаесет         членови, по шест од секоја од договорните страни и тоа:

–       Организација на работодавачи на Македонија   два члена

–       Сојуз на синдикати на Македонија еден член

–       Конфедерација на слободни  синдикати  на Македонија еден член

–       Граѓански асоциации два члена

–       Набљудувачи најмногу  три члена

Согласно деловникот за работа,

  1. ЗКК работи на создавање на основа за проширување на Европската унија преку промоција помеѓу економските и социјалните интересни групи од двете страни.
  2. ЗКК ги опфаќа  сите економски и социјални прашања кои се поврзани со Договорот за стабилизација и асоцијација.
  3. ЗКК може да дава мислења во форма на извештаи или заклучоци или преку други соодветни активности.