Конкурентна плата

Почитувани, Организација на работодавачи на Македонија Ве известува дека во 2021 година го спроведе првото национално истражувањето на плати, додатоци и надоместоци конкурентнаПЛАТА. Компаниите имаа можност да изберат понуда од пакетите која на нив најмногу им одговара како што е вклучување со свои податоци во текот на подготовката на извештајот и/или да го купат извештајот конкурентнаПЛАТА како финален продукт. Која е целта на истражувањето? Извештајот конкурентнаПЛАТА има за цел информациите добиени со спроведување на едно валидно истражување на плати, додатоци и надоместоци, да им помогнат на трговските друштва кои делуваат во земјата да добијат релевантни информации за цената на трудот за профили на вработени на конкретни работни позиции. Кои податоци ги добиваат компаниите со купување на извештајот конкурентнаПЛАТА? Врз основа на бројот на учесници и анализирани податоци од истражувањето конкурентнаПЛАТА произлегоа следните показатели:

Вкупен број на организации/учесници кои доставија податоци во истражувањето 18
Вкупен број на работни места за кои беа дадени влезни податоци 925
Вкупен број на споредливи работни места анализирани во  истражувањето 880
Број на споредливи работни места за кои се добиени актуелни сумирани извештаи 91

  Содржина на извештајот конкурентнаПЛАТА? Во конкурентнаПЛАТА опфатен е и контекстот во кој се реализира ова истражување, укажувајќи на многу променливи и специфични услови во сите области на животот, а со тоа и во околностите за деловни активности на организациите. Околностите се прикажани преку анализа, во 2020 година и во претходниот период од неколку години, на следните елементи:

  1. Политички развој и трендови
  2. Економски развој и трендови
  3. Технолошки развој и трендови
  4. Пазар на труд и трендови
  5. Плати
  6. Придонеси на плати и даноци

  Извештајот конкурентнаПЛАТА во првата година на истражувањето има промотивна понуда и 50% намалување од редовната цена во ценовникот односно премиум пакетот ќе ви биде ексклузивно достапен со следниот износ:

      ПРЕМИУМ ПАКЕТ   компании кои не учествуваат со свои податоци во истражувањето, но сакаат да ги добијат сите извештаи од истражувањето за 2021 година   Редовна цена Цена за членки на ОРМ
  85.000 денари   68.000 денари
Попуст од 50%
  42.500 денари       34.000 денари

  Дополнително имате можност за купување на неколку различни пакети за групи од 10, 5 и 2 работни позиции т.н ТОП 10, ТОП5 и ТОП 2 пакети.

    Топ 10 пакет компании кои не учествуваат со свои податоци во истражувањето, но сакаат да добијат 10 работни позиции по нивен избор   Редовна цена Цена за членки на ОРМ
  30.000 денари   24.000 денари
Попуст од 50%
  15.000 денари     12.000 денари
    Топ 5 пакет компании кои не учествуваат со свои податоци во истражувањето, но сакаат да добијат 5 работни позиции по нивен избор   Редовна цена Цена за членки на ОРМ
  15.000 денари   12.000 денари
Попуст од 50%
  7.500 денари     6.000 денари
    Топ 2 пакет компании кои не учествуваат со свои податоци во истражувањето, но сакаат да добијат 2 работни позиции по нивен избор   Редовна цена Цена за членки на ОРМ
  7.500 денари   6.000 денари
Попуст од 50%
  3.750 денари   3.000 денари

  Обратете ни се за секое прашање, особено доколку имате интерес да го добите ова прво македонско истражување „конкурентнаПЛАТА“ по ексклузивно повластена цена за оваа година. Лице за продажба: Дона Димов со контакт: 078/259-367 dona@orm.org.mk.   Со почит, Владанка Трајкоска Претседател Организација на работодавачи на Македонија