Меѓугенерациски јаз

Партнери : Michale John

Категории : Investment

Времетраење : 21 August, 2015

Статус : In Process

Live demo : http://agegap.eu/

Tags : finance, investment

Документи : AGEGAP_STUDY_HUNGLER.pdf, AGEGAP_лого на проектот, COMPARATIVE_ANALYSIS AGEGAP.pdf, Leaflet_Infografika_A4_MACEDONIAN.pdf, National Report_Macedonia_structure OEM.pdf, Соопштение_меѓугенерациски јаз

За Проектот

Проектот „Премостување на меѓугенерацискиот јаз – Развој на иницијативи на социјалните партнери за управување со предизвиците поврзани со возраста“ е предводен од Конфедерацијата на унгарските работодавачи и индустријалци, кофинасиран од страна на Европскста унија, и обединува работодавачи од седум европски земји како Унгарија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Северна Македонија, Словачка и Романија.

Како одговор на предизвиците кои произлегуваат од демографските промени, на 8 март 2017 година беше потпишан Автономен рамковен договор за активно стареење и меѓугенерациски пристап од Европската конфедерација на синдикати ЕTUC (и нејзиниот комитет за врски EUROCADRES/CEC), Конфедерацијата на европски бизнис BusinessEurope, Европскиот центар на работодавачи и претприемачи кои обезбедуваат јавни услуги – CEEP и Европска асоцијација на занаети, мали и средни претпријатија – SMEunated (порано наречен UEAPME). Договорот е одговор на европските социјални партнери на предизвиците кои произлегуваат од демографските промени. Договорот требаше да биде имплементиран од страна на сите организации членки во рок од 3 години по неговото потпишување, т.е. пред 8 март 2020 година.

Социјалните партнери истакнаа дека имплементацијата на националните, секторските и/или мерките на компаниите во согласност со овој договор ќе им олеснат на постарите работници активно да учествуваат и да останат на пазарот на трудот до законската старосна пензија, а во исто време ќе обезбеди и олеснување на меѓугенерациските транзиции во контекст на високата невработеност кај младите. Целта е значително да се подобри способноста на работниците на сите возрасти да останат здрави и активни до законската старосна пензија, како и да се зајакне култура на одговорност, посветеност, почит и достоинство на сите работни места каде што сите работници се вреднуваат како важни без оглед на возраст.

ОРМ во рамки на проектот изготви Национална анализа која имаше за цел да добие суштински податоци за управувањето со стареењето и меѓугенерациските предизвици на македонскиот пазар на трудот. Тоа беше спроведено on-line од Организацијата на работодавачи на Македонија помеѓу ноември и декември 2019 година на македонски јазик, составено од 66 учесници од различни организации, со употреба на „Формулари на Google“ (апликација за администрација за истражување).

Со автономниот рамковен договор, социјалните партнери предвидоа пет области на дејствување со специфични мерки и алатки:

A) Стратешки проценки на демографијата на работната сила

Стратешките проценки на демографијата на работната сила треба да се вршат и периодично да се ажурираат на соодветно ниво, во согласност со националните практики и процедури и да ги искористат постојните активности, избегнувајќи ги непотребните барања за известување. Тие би можеле да ги водат социјалните партнери/менаџментот за да развиваат посоодветни и адаптирани алатки за потребите на работниците и претпријатијата, особено за малите и средни претпријатија.

Овие стратешки проценки меѓу другото би можеле да вклучат:

  • Тековната и проектираната возрасна пирамида, вклучително и родови аспекти;
  • Вештини, квалификации и искуство;
  • Работните услови;
  • Здравствени и безбедносни специфични работи особено за тешки занимања;
  • Развој и поврзување со дигитализацијата и иновациите.

B) Здравје и безбедност на работното место

Социјалните партнери имаат за цел да промовираат и да го олеснат дејствување на работното место врз основа на соодветни информации, да ги идентификуваат задачите кои се особено физички и/или ментално напорни со цел да се предвидат, спречат и проценат ризиците по здравјето и безбедноста на работното место, во согласност со ЕУ рамковна директива за здравје и безбедност при работа (89/391/ЕЕЗ). Треба да се укаже дали практични прилагодувања на работното опкружување се неопходни за да се спречат или намалат идентификуваните прекумерни физички или ментални побарувања на работниците за да им се овозможи да бидат безбедни и здрави додека се на работа до возраста на правната пензија.

Алатките/мерките за поддршка на здравјето и безбедноста на работното место меѓу другото би можеле да вклучуваат:

  • Прилагодување на работните процеси и работните места;
  • Прераспределување /распределување на задачи на работниците;
  • Ефективни стратегии за превенција и проценка на ризикот, земајќи ги предвид постојните законски обврски, вклучително и обука на сите работници за правилата за безбедност и здравје на работното место;
  • Доброволно унапредување на здравјето, вклучително, на пример активности за подигнување на свеста; итн.

C) Управување со вештини и компетенции

Пристапот треба да го поддржи развојот на вештини и доживотното учење, на тој начин, да се поттикне вработување на работниците и да се зголеми човечкиот капитал на претпријатијата во однос на компетенциите и знаењето. Социјалните партнери треба да овозможат фер пристап за работниците, без оглед на возраста, до доволно широка понуда на обука, додека сите работници треба да бидат охрабрени да учествуваат во оваа обука.

Алатките и мерките за поддршка вештините и компетенциите на управувањето меѓу другите би можеле да вклучуваат:

  • Подигање на свеста на раководството и претставниците на работниците за потребите на вештини во перспектива на возраста;
  • Обука за работници од сите возрасти, со цел одржување и понатамошно развивање на потребното знаење и компетентност во текот на нивните кариери за да останат на работа до возраста на правната пензија.

D) Работна организација за здрав и продуктивен работен век

Социјалните партнери имаат за цел да ги поддржуваат и да ги охрабрат претпријатијата да ја прилагодат организацијата за работа, во согласност со потребите на претпријатијата и работниците. Целта е да се поттикнат здрав и продуктивен работен живот во животна перспектива. Социјалните партнери и/или менаџментот треба да го олеснат, промовираат и охрабруваат спроведувањето на адаптибилна организација за работа во текот на животот.

Алатките/мерките за организација на работата за здрав и продуктивен работен живот би можеле, меѓу другото, да вклучуваат:

  • Негување на капацитетот на младите и постарите работници за подобро предвидување и прилагодување на промените во организацијата на работата, за максимално зголемување на потенцијалот на човечките ресурси;
  • Работни аранжмани, вклучително и во однос на работното време;
  • Адаптација на распределување на задачи помеѓу работниците;

E) Меѓу-генерациски пристап

Социјалните партнери имаат за цел да постигнат работно опкружување што ќе им овозможи на работниците од сите генерации и возрасти да работат заедно за подобрување на соработката и меѓугенерациската солидарност, преку на пример меѓусебно пренесување на знаење и искуство помеѓу различни возрасни групи на работници. Сите работници треба да бидат вреднувани според нивните способности, вештини и знаења, без оглед на возраста, да се избегнуваат стереотипи и надминување на бариерите меѓу возрасните групи, таму каде што постојат.

Алатките/мерките за постигнување меѓугенерациска солидарност меѓу другите би можеле да вклучуваат:

  • Дистрибуирање на задачи според способност / вештини / знаење;
  • Наставни/менторски/тренерски шеми за добредојде и запознавање на помладите работници во нивното работно опкружување, вклучувајќи патеки за да им се овозможи да го исполнат својот потенцијал;
  • Програми за пренесување на знаење/вештини, во двете насоки од помлади кон постари работници и постари кон помлади работници, вклучително ИТ и дигитални вештини, трансверзални вештини, вештини за врски со клиенти, како што е соодветно;

 

Активното стареење е концепт што се однесува на оптимизација на можностите за работниците од сите возрасти да работат во добар квалитет, продуктивно и во здрави услови до законска старосна пензија, заснована врз взаемна посветеност и мотивација на работодавачите и работниците. Меѓугенерацискиот пристап се однесува на градење на јаки и објективни состојби на сите генерации, подобрување на меѓусебното разбирање и поддршка за соработката и солидарност меѓу генерациите на работното место.

Организацијата на работодавачи на Македонија и понатаму ќе се залага работодавачите да внимаат на предизвиците со меѓугенерацискиот јаз давајќи сугестии и препораки за примена на методи и алатки врз основа на кои би можеле да ефикасно да се справат со проблемот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.