Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија

Партнери : Michale John

Категории : Investment

Времетраење : 21 August, 2015

Статус : In Process

Live demo : http://rabotodavaci.mk

Tags : finance, investment

Документи : ,

Проект

Проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, се имплементираше во периодот декември 2017 – декември 2019 од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот за динамичен развој СФЕРА-НОВА.

 

Целта на проектот е да ја подигне конкурентноста на МСП и прагматично да придонесе во имплементацијата на националните стратешки документи за конкурентност. Проектот ќе придонесе за постигнување на конкурентска одржлива предност на извозот на прехранбено-преработувачката индустрија и ќе им помогне на МСП во интернационализацијата, подигање на извозниот капацитет и можности. Конкретните бенефити од проектот за фирмите – учеснички ќе биде директната експертска поддршка во подготовката на извозната процедура и документација и други поврзани извозни активности (анализи, нови пазари, контакти со дистрибутивни мрежи и сл.).

Во конкретните резултати ќе се вбројат: Бизнис анализи за извозните можности на регионалните пазари за прехранбено-преработувачката индустрија, обуки за извоз на МСП и за техничката подготвеност, нови вештини и знаења за извоз; интерактивна веб платформа за извоз и мобилна апликација; демо мали проекти за извоз на селектирани производи од прехранбено-преработувачката индустрија. Проектот има иновативен пристап и ќе ја зајакне поддршката при извоз на конкретни производи, со што ќе овозможи директен бенефит за вклучените МСП.