Локален Економско –социјален совет во Штип

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

За било какви дополнителни информации ве молиме јавете се на нашиот број:

конкурентнаПЛАТА
Истражување за плати, додатоци и надоместоци

ПРИКАЖИ

На 27 декември  во Штип на свечената седница се формира Локален Економско – социјален совет.

Потпишана е Спогодбата за основање трипартитно тело- ЛЕЕС, од страна на  градоначалникот на Општина Штип   Зоран Алексов, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров, секретарот на Сојузот на синдикатите на Македонија Ангелко Ангелковски и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Мирјана Андреска.

Претседателот на ОРМ Ангел Димитров изјави дека ЛЕСС е од големо значење за развој на општината Штип како една од поголемите општини во Македонија со уверување дека ова советодавно тело преку социјалниот дијалог  ќе постигнува уште поголеми резултати.

Во советот покрај, општинските претставници, синдикатот,  работодавачите членки на ОРМ учествуваат и претставници од локалната Агенција за вработување, Центрите за стручно образование, ТТА – Кластерот и други локални здруженија .

Покрај веќе формираните локални совети во Струмица, Тетово, еден од следните е Штип формиран преку програмата ЈЕС од USAID за образование на младите за полесно вработување.

ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКИ И СОЦИЈАЛЕН СОВЕТИ

Заради воспоставувањето на демократски  социјален дијалог во функција на постигнување на траен и стабилен социјален мир и активно вклучување на сите социјални партнери во процесот на одлучување по најважните прашања од економско и социјално значење за развивање на локалната заедница  формирани се Економско – социјален совети

Во рамките на неколку иницијативи, беше воден процес на основање Локални економски и социјален совет (ЛЕСС) во вкупно 15 општини низ целата земја, меѓу кои Битола, Скопје, Велес, Струга, Куманово, Струмица, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Тетово, Ресен и Штип. Овие совети има консултативна – советодавна функција и разгледуваат прашања и даваат мислење, предлози и препораки до Советот на Општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера.

ЛЕСС- овите имаат консултативно-советодавна функција и разгледуваат прашања и даваат мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера. ЛЕСС се основа заради остварување на следните заеднички цели на социјалните партнери:

 

  • воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво;
  • воспоставување, поттикнување и развој на дијалогот на локално ниво помеѓу јавниот и приватниот сектор;
  • воспоставување и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем;
  • размена на мислења и информации и постигнување на согласност околу важни економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа (разгледување на клучни развојни документи на општината кои имаат влијание врз економско-социјалниот развој на општината;
  • покренување на зеднички иницијативи за измена на постоечки и донесување на одлуки од надлежност на локалната самоуправа
  • учество во креирањето на законските решенија кои влијаат врз материјална и социјалната положба на вработените, невработените, стечајните работници и работници технолошки вишок, пензионери, младите, жените и др.;
  • развивање  на колективното договарање, преговарање и склучување колективни договори на ниво на претпријатијата и установите; 
  • следење и давање оцени за влијанието на локалните политики врз економската и социјалната стабилност, развојот и животниот стандард во општината;
  • следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки за поттикнување на вработувањето и усогласување на образовниот процес со потребите на пазарот на труд;
  • разгледување и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината;
  • поттикнување методи за мирно решавање на колективни/индивидуални работни спорови на локално ниво;
  • меѓусебно информирање за важните прашања од дејноста на социјалните партнери;
  • издавање на списанија, брошури и други публикации од делокругот на ЛЕСС.

Како членови на ЛЕСС се претставниците на работодавачите, синдикатите и претставници од Советот на општината, додека свој претставник може да имаат локалните министерства, претставници од подрачните единици на државната управа, Агенција за вработување и локалните граѓански организации и здруженија, како и други актери.

Важен елемент за работата на ЛЕСС активно вклучување на засегнатите страни за да ги идентификуваат можностите и континуирано да спроведуваат локални решенија за своите специфични предизвици на пазарот на трудот, особено за да воспостават локална динамика за отворање работни места. ОРМ  формирањето на ЛЕСС-овите го гледа како механизам за унапредување на соработката помеѓу граѓаните и локалната власт, што директно води кон транспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на локално ниво и воедно придонесува за директна вклученост на сите чинители во креирањето на стратегија за одржлив развој на заедницата.

Од мотивираноста и разбирањето на Градоначалниците за полезноста од социјалниот дијалог како алатка за креирањето на политиките од економско социјалната и образовна сфера  на локално ниво ќе зависи и ефикасноста на лесовите како тела во креирањето на политиките со цел подигање на продуктивноста и ефикасноста на стопанството на локално ниво, развој на општината и зголемување на животниот стандард и задоволството на граѓаните воопшто.