Кои сме ние?

Организацијата на работодавачи  претставува над 15 сектори, во кои се вработени скоро 70 000 вработени во 1012 претпријатија од приватниот сектор во Република Македонија. Вклученоста на ОРМ се однесува на теми  во интерс на работодавачот поврзани со образованието, инфраструктура, општествена одговорност, безбедност и здравје при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочување, инверстирање, казнена политика, кредитирање.

Во 2010 година согласно законот за работни односи, Министерот за труд и социјална политика, г. Џељаљ Бајрами, по предлог на Комисијата за утврдување на репрезентативност ја оцени Организацијата на работодавачи како:

  • Единствена репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор која како таква има легитимитет да преговара и да склучува Општ колективен договор за приватниот сектор
  • Eдинствена репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор која може да учествува во трипартитни тела за социјално партнерство (Работодавачи, Синдикати и Влада - Економско социјалниот совет). Со ова ОРМ има влијание како рамноправен партнер во креирањето на економско-социјалната политика во Македонија, односно се што се однесува на одредбите и директивите на ЕУ во доменот на работните односи, заштита и безбедност при работа како и други закони кои се однесуваат на деловната клима и политика
  • Во 2005 година согласно важечкиот закон за работни односи , по препорака на Меѓународната Организација на Труд и конвенциите усвоени од РМ , ОРМ е запишана во регистарот на здруженија на работодавачи во Министерството за труд и социјална политика.

 

Обраќање на  Претседател на Организацијата на Работодавачи на Македонија

Почитувани,

Дозволете ми најпрвин да се заблагодарам за искажаната доверба до членовите на Собранието на ОРМ. Драго ми е и ми преставува особена чест што на Седницата на 21.06.2012год. бев избран со акламација. Тоа е потврда за моето досегашно 5 годишно работење во ОРМ  , како член на УО и 4 години како заменик претседател. Постепеното растење и јакнење на ОРМ во изминатите години ме мотивираше за уште поголема ангажираност , а вашата поддршка ја зголемува мојата посветеност за уште поголеми заеднички успеси на Организацијата.

Уште од самиот почеток на зачленувањето во ОРМ свесен сум за одговорноста на работодавачите во градењето на политиките за развој на стопанството и водењето на социјалниот дијалог на сите нивоа за создавање на подобра работна клима. А сега како претседател,  подготвен сум да ги слушнам барањата на работодавачите, да ги градиме заедничките ставови и да ја креираме политиката, постигнуваќи консензус за општо добро.

Моето 28-годишно работно искуство во менаџирањето како и 4 годишното искуство како пратеник  во Собранието на РМ се уште една потврда за компетентноста за вршење на функцијата и остварување на зацртаните цели- да бидеме респектабилен  социјален партнер достоен да го унапредува дијалогот со Синдикатите и со Владата, но и да ја интензивираме соработката со останатите партнери во земјата и во странство.

Стојам зад мојата изјава дека во текот на мојот мандат, транспарентноста во работењето , видливоста и значењето на ОРМ и на работодавачите воопшто ќе биде наша главна водилка. Се разбира се во согласност со потребите и барањата на пошироката заедница,  следејќи го патот кон евроинтеграциите.

 

Извршна Канцеларија

Ангел Димитров   

Претедател

Белинда Николовска 

Извршен Директор

Светлана Ристова Антиќ

Генерален Секретар

 

 

  Управен Одбор

 

1.Ангел Димитров  “Мода”  Свети Николе - Претседател на ОРМ

2. Анета Петровска Русомаровски  “ЕВН” Скопје

3. Невенка Ристовска  “Фершпед” Скопје

4. Маријана Перковска  “Tекстил Кластер” Скопје

5. Борислава Мацура  “Тетекс” Тетово

6. Предраг Милосављевиќ  "Скопски Пазар" Скопје

7. Весна Богдановска   "Инсумак" Скопје

8. Иван Голабоски   "Лихнида" Охрид

9. Стојанче Стојанов  "БИМ"  Свети Николе

10. Томе Петковски   “Агроплод" Ресен

11. Зоран Здравев  “Европа" Скопје

12. Костадин Барзов  "Баргала" Штип

13. Владо Додевски  "ЗАПОВИМ" Скопје

14.Татјана Келкоцева Шамкарова  "Империјал Тобако" Скопје

15. Дончо Таневски  “Хотам” Охрид

16. Томислав Давков  “ЗИК Пелагонија" Битола

17. Ратко Христов  "Сокотаб" Битола

18. Љупчо Фармаковски  "Комерцијална Банка" Скопје

19. Бети Содиќ  "Тутунска банка"

20. Борис Хрисафов  "Усје" Скопје

21. Магдалена Димитровска  "Џонсон Мети" Скопје

Димитар Поповски  "Единство" Струмица – Претседател на Собрание на ОРМ