ОРМ организираше деловниот појадок со работодавачите во Охридско-Струшкиот регион Неопходни се образовни реформи за да се произведат кадри кои ќе ги задоволат потребите на пазарот на труд во туристичкиот сектор

ОРМ организираше деловниот појадок со работодавачите во Охридско-Струшкиот регион

 Неопходни се образовни реформи за да се произведат кадри кои ќе ги задоволат потребите на пазарот на труд во туристичкиот сектор

 

 

Моменталната состојба со работната сила во туристичко – угостителскиот сектор, ангажираноста и адаптирање на образовниот систем кон потребите на работодавачите, беа тема на деловниот појадок со работодавачи од регионот, што утрово во хотелот „Дрим“ во Струга го организираше Организацијата на работодавачи (ОРМ) во соработка со меѓународната организација на трудот.

 

Потребни се реформи во образовниот систем за да се произведат кадри кои ќе ги задоволат потребите на пазарот на трудот во туристичко – угостителскиот сектор, истакнаа работодавачите. Од ОРМ, пак, посочија оти се потребни реформи уште од средно образование, кои ќе ги предизвикаат и привлечат младите кон туристичко – угостителската дејност.

 Владанка Трајкоска, претседателкаta на ОРМ изјави дека Голем дел од работоспособното население не ги задоволува потребите на пазарот на труд. Потребно е да се направат директни реформи во образованието, кои, секако, се болни и долготрајни, односно потребно е работодавачите да ги приспособат своите капацитети за поголем број практични часови, а пак образовниот систем да го реформира образовниот процес во делот на практиканствот. Заедно работодавачите и образовните установи да им овозможат на учениците соодветна пракса, 

 

Македонија има проблем на задржување на работната сила на подолг временски период, поради миграцијата на населението дома и надвор од земјата. Ако порано се разговараше за креирање на работни места, сега фокусот е на тоа како истите да се задржат. Ова е појава и во угостителско-туристичкиот сектор и кај техничките работни места. Според Трајкоска, последните две години платите не се проблем за иселувањето, туку состојбите во општеството.

Можеби ниските плати беа проблем во минатиот период, меѓутоа во изминативе две години платите не се сериозен проблем за младите. Проблемот е многу посуштински, многу подлабок, тој е институционален претпоставувам, и она на што во моментов работиме е да ги согледаме причините зошто младите заминуваат. Платите во угостителскиот сектор се многу повисоки од други сектори, така да сметам дека тие не се причина за заминување на младите, додаде Трајкоска.

 

Во Охридско-струшкиот регион се започнати активности за спроведување активности од пилот- проект, во насока на олеснување на условите за пријавување на работниците во туристичко-угостителскиот сектор преку преземање на административни активности за пријавување на работниците и покривање на придонесите за вработените кои се ангажирани на дневна основа преку ваучери со проектот. Исто така се организираат бесплатни обуки за работниците од страна на ХОТАМ. Асоцијацијата ќе изготви и конкретни предлози за измена на законска регулатива кои ќе бидат доставени до Владата.

Се соочуваме со недостиг на кадри. Во средните угостителски училишта многу малку деца се запишуваат. Треба да се потенцира дека тоа е професија  е ценета секаде во светот, истакна Крсте Блажески од ХОТАМ.

 

Според него, младите повеќе се заинтересирани за административна работа. Посочува дека платите се тие што се можни да се исплатат согласно закон, а во туристичко – угостителскиот сектор функционира систем на раст на плати по основ на напредок на вработениот.

Недостигот на стручна работна сила во туризмот и угостителството почнува уште од средно образование. Само 10 проценти од вкупно запишани студенти, се запишани на струките кои се потребни за ова стопанство, истакнува Тоше Чочороски, директор на хотел „Силекс“ Охрид и професор од областа на практична настаба на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

 

Потребна е поинаква промоција и привлекување на младите во средно образование, како и промена на пристапот на угостителски училишта и факултетите кон учениците, односно студентите. Потребни се промени во секој дел, и кај наставниците, и кај професорите, и кај учениците. Се наоѓаме пред предизвик и ние како фела и образовните институци. Дојде моментот кога мора добро да се поврземе во интерес на сите, вели Чочороски

 

На состанокот, покрај за реформите во образованието и намалување на недостигот на работна сила, членките на ОРМ разговараа и за останати прашања од интерес за работодавачите кои понатаму ќе бидат споделени со другите чинители на локално и национално ниво, а заклучоците ќе бидат преточени во предлози за измени на законска регулатива.