ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ од АВРСМ -Активација на ранливи групи на пазарот на трудот

Активација на ранливи групи на пазарот на трудот
 
   Проектот е финансиран од Европската Унија   
 
 
Агенцијата  за  вработување  на Република  Северна  Македонија  во  рамки  на  ИПА  проектот
„Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз
основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот
на  трудот  за  2021г.  усвоен  од  Владата на Република Северна  Македонија,  за  мерката  2.1
Субвенционирање на плати ИПА, на ден 25.05.2021  година, објави  
 
ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
до работодавачи
за вклучување во мерката Субвенционирање на плати
за вработување на корисници на гарантирана минималена помош
 
Се повикуваат заинтересираните микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и
граѓански (непрофитни) организации што се занимаваат со економска активност при вршење на
својата дејност, нови претпријатија основани преку Програмата за Самовработување во 2019
година, кои имаат потреба за вработување на соодветни лица, да се пријават во работните клубови
на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ.
Програмата не вклучува работодавачи од државни, јавни институции, единици на локална
самоуправа и Градот Скопје.
Огласот  е  наменет  за  работодавачи  кои  ќе  вработат  лица  корисници  на  гарантирана
минимална помош (ГМП).  
Право на учество ќе имаат работодавачи кои ги исполнуваат следните критериуми:
  Вкупниот  број  на  работници  на  денот  на  аплицирање  и  пред  реализацијата  на
поддршката   не  треба да биде помал од просечниот број на вработени лица на неопределено
време во претходната календарска година, освен ако причините за намалување на бројот на
вработени лица на неопределено време се поради прекин  на работниот однос поради отказ од
страна на работникот,остварување на право на пензија, смрт, неспособност за работа.
  Ги имаат подмирено сите обврски по основ на исплатени плати и придонеси    од задолжително
социјално осигурување;
  Немаат финансиска загуба во претходната година освен ако загубата е направена   поради
капитални инвестиции од страна на правниот субјект;
  Работодавачот да има најмалку едно вработено лице на неопределно време, со исклучок на
граѓанските организации кои во моментот на аплицирање немаат вработено лице;
  Лицата  на кои работниот однос (на определено или на неопределено време) им престанал една
година пред вработување во активна мерка , истите нема да бидат подржувани со повторни
вработувања кај истиот работодавач, со исклучок на граѓанските организации.
Бројот на ново-вработени лица кои работодавачот може да ги вработи преку програмата
Субвенционирање на плати, не може да биде поголем од 50% од просечниот број на вработени
лица во претходната календарска година, при што максималниот број не може да биде поголем од
5 лица кај еден работодавач.
За Работодавач што има едно вработено лице, граѓанските организации кои немаат ниту едно
вработено лице и правните субјекти формирани по 01.07.2020  година максималниот број на
поддржани вработувања изнесува едно лице.
 За вработување на едно лице, работодавачот ќе биде финансиски поддржан од Агенцијата за
вработување на Република Северна Македонија во износ од 19.000,00 денари месечно за период
од 12  месеци  по вработено лице. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока  
плата од субвенционираниот износ. Работодавачот кој ќе вработи невработено лице со оваа мерка,
има обврска лицето да го задржи во работен однос по завршување на  субвенционирањето во
дополнителен  период  од  уште  6 месеци (вкупен  период  од 18  месеци,  за  12  месеци
субвенционирање).

                           Активација на ранливи групи на пазарот на трудот
 
   Проектот е финансиран од Европската Унија   
 
 
Условите,  правата    и  обврските  ќе  бидат  уредени  со  склучување  на  договор  за
субвенционирано вработување помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и
кандидатите.  Правото  за  учество  се  определува  врз  основа  на  условите  и  критериумите
дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на  
основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за
вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно
•  Справување  со  негативните  ефекти  и  последици  врз  пазарот  на  труд  и  вработеноста,
предизвикани од пандемијата на COVID-19;
•  Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор
согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна
или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на
Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
•  Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за
регионален развој и степенот на развиеност на планските региони во РСМ.
Заинтересираните работодавачи  можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот
опфат на корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за оваа мерка, до
исполнување на предвидениот број на корисници на гарантирана минималена помош.    
Детални  информации  можат  да  се  добијат  во  работните  клубови  на  30-те  Центри  за
вработување на Агенцијата за вработување на  РСМ, во ИПА канцеларијата на проектот на
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и веб страницата на АВРСМ www.av.gov.mk
 
  АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА     
СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Активација на ранливи групи на пазарот на трудот
Проектот е финансиран од Европската Унија

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА директниот
грант проект „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската
Унија, а врз основа на Договорот за директен грант и Оперативниот план за активните програми
и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г. усвоен од Владата на Република
Северна Македонија, за мерката 3.1 Обука на работно место за познат работодавач, на ден
25.05.2021 година, објави

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
до работодавачи

за вклучување во мерката Обука на работно место за познат работодавач
за вработување на корисници на гарантирана минималена помош

Се повикуваат заинтересираните работодавачи, кои имаат потреба за вработување на соодветни
лица по претходно реализирана обука во траење на 3 (три) месеци, да се пријават во работните
клубови во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна
Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Програмата не вклучува работодавачи од државни, јавни институции, единици на локална
самоуправа и Градот Скопје.
Огласот е наменет за работодавачи кои по тримесечна обука ќе вработат лица корисници на
гарантирана минимална помош (ГМП). Избраните кандидати, ГМП лица, ќе поминат обука за
времетраење од (3) месеци, со цел зголемување на нивната вработливост. Обуката на невработените
лица ќе се спроведува во работните простории на работодавачите, согласно Програма за обука
предложена од страна на работодавачите. На учесниците во обуката ќе им се издаде потврда за
спроведената обука.
Во мерката имаат право да учествуваат работодавачи кои ги исполнуваат следните критериуми:
• имаат вработено најмалку едно лице на неопределено време, со исклучок на граѓанските
организации и работодавачи кои ќе вклучат во обука жени од ромската етничка заедница;
• на денот на аплицирање ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и
придонеси од задолжително социјално осигурување; и
• бројот на лица вклучени во обука не може да биде поголем од 50% од вкупниот број на вработени
лица на неопределено време, со исклучок на граѓанските организации и работодавачи кои ќе
вклучат во обука жени од ромската етничка заедница.
На невработеното лице учесник во мерката ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од
9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со
повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката до
три (3) месеци. Работодавачот е должен месечно да доставува до АВРСМ листа за евиденција на
присуството.
Работодавачот е должен да назначи ментор за лицата на обука и да ја спроведе програмата за
обука, во согласност со претходно утврден план за истата. На работодавачот ќе му биде исплатен
еднократен износ од 15.000 денари по обучено лице по завршена обука.
Работодавачот има обврска да вработи најмалку 50% од лицата вклучени во обуката со полно
работно време во траење од најмалку 3 месеци.
За време на обуката и во периодот за кој работодавачот има обврска да го задржи лицето на
работа (вкупно 6 месеци), работодавачот е должен да не го намали вкупниот број на работници на

Активација на ранливи групи на пазарот на трудот
Проектот е финансиран од Европската Унија

неопределно време кој го имал на денот на аплицирање. Во спротивно е должен да го врати целиот
исплатен износ.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за субвенционирано
вработување помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и кандидатите. Правото за
учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна
програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се
почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на
пазарот на трудот, односно
• Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани
од пандемијата на COVID-19;
• Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор
согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна
или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на
Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
• Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за
регионален развој и степенот на развиеност на планските региони во РСМ.

Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат
на корисници, односно до искористување на ИПА средствата наменети за оваа мерка, до
исполнување на предвидениот број на корисници на гарантирана минималена помош.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување
на Агенцијата за вработување на РСМ, во ИПА канцеларијата на проектот на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и
веб страницата на АВРСМ www.av.gov.mk

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА