ОРМ потпиша Меморандум за соработка со Блинк 42-21

ОРМ потпиша  Меморандум за соработка со Блинк 42-21

 

Се потпиша Меморандум за соработка во рамки на реализацијата на проектот

„Лабораторија за стекнување вештини преку Виртуелна Реалност“ помеѓу Организацијата на работодавачи на Македонија и 

 Центарот за социјални иновации Блинк 42-21,  поддржан

од Меѓународната организација на трудот

Со овој Меморандум за соработка се воспоставуваат основите за развивање на

соработката преку која ќе се

 

●  изработи апликација за Виртуелна Реалност во која селектирани работни

процеси ќе бидат трансферирани во 3D вештачка реалност преку која

корисниците ќе можат да стекнуваат знаење и вештини;

●вклучи соодветен број на стручни лица во подготовката на стручноедукативниот дел од апликацијата;

● изработи дигитален прашалник за прибирање податоци од компании кои ја

претставуваат електротехничката и електронската индустрија;

● организира фокус група со претставници од селектирани компании од

електротехничката и електронската индустрија;

●   промоција на ВР апликацијата, со промоција и упатување на

поддршката на ОРМ обезбедена во процесот на развој на истата.

 

Основната цел на проектот е да развие екосистем за зголемување на изложеноста

кон реални симулации во работни средини, преку унапредување на вештините и обука

преку користење на иммерзивни технологии.

Проектот ќе овозможи развој на апликација за виртуелна реалност како алатка за

обука и развој на вештини во електро-техничката струка за работодавачите членки на ОРМ,како и за идни потенцијални членки на ОРМ.