Потпишан МЕМОРАНДУМ, ОРМ-КОП

Потпишан МЕМОРАНДУМ, ОРМ-КОП
 
Организација на работодавачи на Македонија -ОРМ,  застапувана од претседателот Ангел Димитров  , и
Комората на органски производители- КОП , застапувано од претседателот  Драги Цветковиќ ,потпишаа Меморандум за соработка и разбирање за


(1)    Остварување на соработка и вмрежување со партнерски институции, организации и поединци во земјата и странство;
(2)    Поврзување со други стопански субјекти, државни органи и организации, локална самоуправа, научни и стручни институции и организации, медиуми, невладини организации заради реализација на заеднички проекти;
(3)    Заедничко вклучување во процесот на креирање на мерки и политики од заеднички интерес;
(4)    Изготвување на заеднички проекти со домашни и странски партнери за одржлив развој, земјоделие, екологија, енергија, туризам итн.;
(5)    Помагање на членовите на двете страни во обезбедување можности за проекти и други акции на локално, национално, регионално и интернационално рамниште преку размена на бази на податоци;
(6)    Промоција на заеднички активности и делувања;
(7)    Соработка во организирање и реализација на семинари и едукативни обуки и работилници за континуирано образование, усовршување, преквалификација и доквалификација на членовите и други заинтересирани субјекти;
(8)    Унапредување и промовирање на можности за развој и усовршување на органското производство;
(9)    Обезбедување деловно-стручни услуги за потребите на членовите на двете страни за нивниот развој и работа и давање стручна помош на членовите на двете стани во развојот на одделни дејности, усвојувањето на современи технологии и методи на работење;
(10)    Поттикнување на истражување, развој и иновативност на достигнувањата во органското производство, унапредувањето на квалитетот и стандардите на услугите;
(11)    Учество на членките од двете страни на саеми, манифестации, конгреси, конференции, форуми за презентација на практичните и теоретските дострели во организација на некоја од страните;  
(12)    Соработка во делот на унапредување во управувањето со развојот и заштитата на животната средина, подобрување на квалитетот со примена на стандардите и нормативите и други задачи; и
(13)    Други работи
Потпишувањето свечено се реализира во просториите на Камотекс во Свети Николе,

Посакуваме успешна,плодна соработка во иднина.