Национална анализа по проект „Премостување на меѓугенерацискиот јаз"

Национална анализа по проект „Премостување на меѓугенерацискиот јаз"

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ

Организацијата на работодавачи на Македонија на вчерашната седница на Економско
социјалниот совет пред социјалните партнери ги презентираше наодите добиени од
Националната анализа од проектот „Премостување на меѓугенерацискиот јаз - Развој на
иницијативи на социјалните партнери за управување со предизвиците поврзани со возраста“ и
поттикна дискусијата за демографските предизвици. Населението во Северна Македонија и
понатаму продолжува да старее, а проблемот дополнително ќе се зголемува особено поради
високиот број на млади кои ја напуштаат државата. Стареењето на населението во општеството
пак силно ќе влијае врз повеќе сфери како одржливоста на системите за пензиско и социјално
осигурување, но и на економскиот раст на долг рок.
Националната анализа беше изготвена со цел да добијат суштински податоци за управувањето со
стареењето и меѓугенерациските предизвици на македонскиот пазар на труд. Основни заклучоци
од истражувањето го потврдуваат постоењето на потенцијални конфликти меѓу генерациите во
македонските организации и на работното место. Фактот дека големо мнозинство - 88% од
организациите немаат иницијативи, стратегии или визија за откривање и премостување на
меѓугенерациските предизвици на работното место е загрижувачки. Некои од овие организации,
веројатно помал дел од нив не би можеле да имаат проблеми во врска со ова прашање, меѓутоа
од суштинско значење е да се посочат можните загуби и потенцијалните штети кои би ги
претрпиле доколку не успејат да се справат со овој проблем.
Еден од начините за упешно справување со демографксите предизвици е токму активното
стареење како доживотен процес, заснован на инклузивен пазар на трудот и одржливо
вработување. Активното стареење е концепт што се однесува на оптимизација на можностите за
работниците од сите возрасти да работат во добар квалитет, продуктивно и во здрави услови до
законска старосна пензија, заснована врз взаемна посветеност и мотивација на работодавачите и
работниците. Интегрирајќи го меѓугенерацискиот пристап ќе се придонесе кон подобрување на
меѓусебното разбирање и поддршка за соработката и солидарност меѓу генерациите на работното
место.
Прилагодувањето на националните, секторските и/или мерките на компаниите ќе им олеснат на
постарите работници активно да учествуваат и да останат на пазарот на трудот до законската
старосна пензија, а во исто време ќе обезбеди и олеснување на меѓугенерациските транзиции во
контекст на високата невработеност кај младите. На тој начин ќе се подобри способноста на
работниците на сите возрасти да останат здрави и активни до законската старосна пензија, како и
да се зајакне култура на одговорност, посветеност, почит и достоинство на сите работни места
каде што сите работници се вреднуваат како важни без оглед на возраст.
Нашите препораки за националните засегнати страни, како што се социјалните партнери, властите
и особено организациите кои се веќе, или ќе се соочат со меѓугенерациски предизвици на
работното место, да можат да превземат мерки засновани на истражување и искуства кои се
направени ширум светот.
На национално ниво Организацијата на работодавачи на Македонија ја доби поддршката од
страна на синдикатите и владата како социјален партнер, така што на седницата на ЕСС беше
препознаена потребата за формирање на работна група за разгледување на Автономениот
рамковен договор за активно стареење и меѓугенерациски пристап. Препознаваjќи ги ова
прашање како значајно за општествниот развој социјалните партнери ќе вложат заеднички напори
за отварање на широка јавна дискусија и превемање на идни стратешки активности на
национално ниво.
Проектот „Премостување на меѓугенерацискиот јаз – Развој на иницијативи на социјалните
партнери за управување со предизвиците поврзани со возраста“ е предводен од Конфедерацијата
на унгарските работодавачи и индустријалци, кофинасиран од страна на Европската унија, кој
обединува работодавачи од седум европски земји како Унгарија, Хрватска, Словенија, Црна Гора,
Северна Македонија, Словачка и Романија.
Со почит,
Ангел Димитров
Организација на работодавачи на Македонија