Дебата со Мишко Иванов во телевизија 24 за новите предлог мерки за петтиот пакет за надминување на КОВИД 19 кризата.

Студио 10 - Субвенционирањето мора да продолжи, а парите да одат директно на сметка кај работниците

Дебата со Мишко Иванов во телевизија 24 за новите предлог мерки за петтиот пакет за надминување на КОВИД 19 кризата.
Дел од изјавите на учесниците-Ангел Димитров,претседател на Организацијата на работодавачи и Дарко Димовски претседател на ССМ

„Никој не направи добра анализа кои се фирмите кои земале фирми кои земале помош од државата, а не исплатиле плата. Скоро да нема фирма од преработувачката. Не треба да се вулганизира ако е 1% од работодавачите. Треба да се анализира зошто не се исплатени тие пари. Го поддржав предлогот на ССМ парите да одат директно на сметките на ССМ. 61% од работодавачите се за да продолжи мерката за субвенционирање. Од истражувањата само 10% од работодавачите отпуштиле работници во последниот квартал“ - вели Ангел Димитров, од Организација на работодавачи во Студио 10 на ТВ24.

На истата тема свој став има и првиот човек на ССМ.

„Многу се разочаравме со дел од работодавачите при Ковид 19 не оставија на улица, не споделија дел оде нивниот капител. Со владата ги разгледавме мерките за помоп, една од мерките за помош беше субвенционирање. Успеавме, треба тоа да продолжи, но субвенциите треба да легнат на нивна сметка, 900 фамилии се во прашање иако бројката е само 1.1%. Тоа е ставот на ССМ, јавноста не ги гледа процентите, туку 3.600 луѓе се во прашање. “ - вели Дарко Димовски, претседател на ССМ во Студио 10 на ТВ24.