ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО КРЕИРАЊЕ НА МЕНАЏЕР НА КОМПАНИИ – ЧЛЕНКИ НА ОРМ

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО КРЕИРАЊЕ НА МЕНАЏЕР НА КОМПАНИИ – ЧЛЕНКИ НА ОРМ


ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Организациска позадина
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е единствената репрезентативна организација на работодавачите од приватниот сектор во земјава која заедно со Владата и синдикатите го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики. Истовремено, ОРМ има легитимитет да преговара и да склучува Општиот колективен договор за приватниот сектор од стопанството. Почнувајќи од 2004-та година, мисијата на ОРМ се остварува преку креирање и предлагање мерки, политики и активности во интерес на работодавачите во областите на образованието, инфраструктурата, општествената одговорност, безбедноста и здравјето при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочувањето, инвестициите, кредитирањето и казнената политика. Повеќе информации на: www.orm.org.mk

Вовед и историјат
Со договор бр. 40311457/0 проектот „Е-Платформа“ e поддржан од страна на Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спороведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија. Главната цел на проектот е: Да се дадат нови можности на членовите и на потенцијалните членови на ОРМ за развој на човечки потенцијал преку создавање на база на податоци за развој и понатамошно искористување на електронските алатки, како развој на е-платформа за зајакнување на процесите на учење и развој на деловни врски и поддршка на пилот модули за исходите од учењето. Со имплеметација на овој проект ќе се иницира креирање нова услуга т.н. Е– платформа која ОРМ ќе ја понуди на своите членови и привлекување нови на потенцијални членови односно компании кои се заинтересирани за добивање на ваков тип услуга.
Имено, во рамки на проектот ќе биде подготвена Е-платформа која ќе содржи база на податоци,  електронско пребарување за приоритизирање на темина е-обуките потребни за корисниците на ОРМ и платформа за е-учење. Преку редовно пополнување на платформата за е-учење со релевантни податоци за тековните активности на ОРМ ќе иницира зголемување на инфомираноста на членките на ОРМ и привлекување на нови потенцијални членови. Дополнително, со овој проект ќе се развијат демо е-обуки од областа на трудовата сфера, како и имплементација на webinar за засегнатите страни од ОРМ, за дисеминација и искористување на резултатите од спроведените активности во рамките на проектот.

Повик за изразување интерес во рамките на:
Овој повик за изразување интерес е наменет за потенцијални консултантски фирми кои би биле заинтересирани за извршување на задачата опишана во табелата подолу:

Активност
Детални податоци за задачата    
1.    Креирање на менаџер на компании – членки на ОРМ
Интернет-платформата за онлине учење е релевантна алатка која како услуга ОРМ ќе понуди на своите корисници (членови и потенцијални членови) преку Интернет. Имено за таа цел потребно е Креирање на менаџер на компании – членки на ОРМ.
Системот треба да ги овозможи следниве работи
1.     Веб Базиран пристап
2.     Административен дел со најава
3.     Опција за додавање, уредување, деактивирање и преглед на компанија
a.     За секоја компанија може да се внесат следниве параметри: Име, Дејност, Адреса, Лого, Веб страна, Емаил, Официјален конктак
4.     Системот треба да има работна табла каде би се виделе сумирани податоци како број на компании, тренд на нови членки и слично.
5.     Репортинг, одност опција за експорт на селектирани, податоци односно компании.
6.     Менаџирање на гранки / категории на компании

Консултантските компании треба да го достават следново:
-    Копија од Регистарскиот документ или Тековен биланс издаден од Централниот регистар на Република Македонија (не постар од 6 месеци);
-    Техничка понуда – образец што ќе вклучува:
• Портфолио на правното лице кој ќе укаже дека го поседуваат соодветното професионално знаење и искуство вклучуваќи: пропратно писмо (краток преглед за компанијата), претходно искуство во соодветната област и список референци;
• предложен буџет/финансиска понуда
Изборот на кандидати ќе биде согласно проектните процедури, а при тоа ќе се контактира само избраната компанија. Избраната компанија ќе добие детален опис наведувајќи ги конкретните активности и барања, и ќе потпишат договор за надворешна соработка со ОРМ за соодветната задача со определена временска рамка.
Начин на аплицирање за консултантски фирми:
Надворешните консултантските фирми заинтересирани за соработка во рамки на проектот „Е-Платформа“ кој се спроведува од страна на ОРМ, во горенаведените области на експертиза се повикуваат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 15 февруари 2021 година на следнавe е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..