Не може приватниот сектор да трпи затоа што јавниот не си ги плаќа обврските Обраќање во Слободен печатМК на Ангел Димитров,претседател на ОРМ

Не може приватниот сектор да трпи затоа што јавниот не си ги плаќа обврските
Обраќање во Слободен печатМК  на Ангел Димитров,претседател на ОРМ

Нашата текстилна индустрија, а особено производството на облека која зазема 92 отсто од вкупнот текстилно производство во Македонија од 2010 има еден слободен пад, 3 до 5 отсто. Извозот паѓа со помали стапки, но се разбира дека ковид кризата и овде негативно влијаеше на многу сектори, па дури и за оние кои произведуваа облека за болниците во Германија. Така што не постои бранша или сектор кој не претрпе последици, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Ангел Димитров.

-Целата производена роба е вратена во магацините и сите се прашуваат дали оваа роба ќе може да се пласира на пролет 2021 година- вели Димитров.

Околу информациите дека во моментов има два процеси во текстилните фабрики во Македонија – отпуштање на работниците на принуден одмор и дека расте бројот на невработени и се движи помеѓу 10.000-12.000 луѓе, Димитров вели дека овие бројки не се само во текстилната индустрија.
Прочитајте и...  Измените на Законот за заштита од заразни болести утре на собраниска седница, ребалансот на Буџетот на 29 октомври

-Ова се бројки на вкупниот број на отпуштени секаде. Во текстилната индустрија се случува процес на губење на идеја и желба за инвестирање во нови машини заради недостаток на работници, бидејќи оваа индустрија има многу лош имиџ кај младите луѓе. Не се запишуваат во стручни училишта и не ја гледаат иднината во работа во нашите конфекции, смета Димитров.

Ние како „Мода“, истакнува Димитров, имавме среќа што почнавме да работиме женски блузи за пазарот во Германија што значи дека до крајот на годината сме обезбедени. Како работодавачи и бизнисмени мора да се прилагодиваме. За жал некои од нас не успеаја и ќе имаат сериозни проблеми.

-И самиот не сум сигурен дека постојат иделни критериуми правични за сите. Владата како и во третиот сет на мерки се одлучи критериум да биде падот на приходите. И тоа е ОК. Но не може да биде единствен критериум. Се случува компаниите да го задржуваат приходот, но имаат проблем со отсутност на вработените. Па тука има дополнително прекувремено ангажирање на вработени за кое има дополнителни трошоци. Но не може и не смееме да очекуваме дека Владата ќе ги покрие сите трошоци. Сметам дека овој 4 сет на мерки е подобрен од третиот, но сепак ќе прашам дали само приходот е доволен критериум да се утврди кој и какви проблеми има, вели Димитров.
Целото видео можете да го проследите на линкот подолу.

https://www.slobodenpecat.mk/video-angel-dimitrov-ne-mozhe-privatniot-sektor-da-trpi-zatoa-shto-javniot-ne-si-gi-plaka-obvrskite/