Допис доставен до Влада за превентивните здравствени прегледи за вработените кои беа одложени поради пандемијата со КОВИД-19.

Допис доставен до Влада за превентивните здравствени прегледи за вработените кои беа одложени поради пандемијата со КОВИД-19.

 

 

 

До

 

-Влада на Република Северна Македонија

 

 

 

-Мнистерство за труд и социјална политика

 

-Министерство за здравство

 

 

 

 

Почитувани,

 

Целта на ова наше обраќање, е повторно, сега заеднички Организацијата на работодавачи на Македонија ( ОРМ ) и Тутела, Скопје, актуелизирање на Дописот доставен до МТСП од страна на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА (03.07.2020 година) и потенцирање на потребата за изнаоѓање на реално прифатливо решение по објавување на Решение бр.17-2614/2 од 01.07.2020 издадено од Министерството за здравство со кое се овозможува отпочнување на превентивните здравствени прегледи за вработените кои беа одложени поради пандемијата со КОВИД-19.

 

Во ситуација кога овие прегледи не  се вршени во претходните 3,5 месеци реална е можноста за голем број на вработени претходно направените прегледи да се со поминати рокови. Во ваква ситуација може да произлезат следните проблеми :

 

• Немање можност за организација  за извршување на прегледите од страна  на овластените здравствени установи со кои работодавачите имаат веќе склучени договори поради зголемен обем на прегледи.

• Изрекување на глоби за работодавачите поради не спроведување на обврската за превентивни здравствени прегледи.

• Поведување на судски постапки при повреда на работа поради не спроведени здравствени прегледи.

 

Во Решението не се предвидени никакви рокови за спроведување на прегледите што значи дека работодавачите овие прегледи треба да ги спроведат веднаш, што е невозможно.

 

Ова се проблеми на кои наидовме уште првиот ден по објавувањето на решението , а за кои е потенцирано во неколку наврати преку вербална и електронска комуникација.

 

 

 

 

 

 

 

 

Потребно е изнаоѓање на правно прифатливо решение со кое ќе ги заштитиме и работниците и работодавачите. Како ОРМ и Здружение на стручни лица за безбедност при работа, Ви стоиме на располагање за надминување на овој проблем што е можно побргу.

 

Во очекување на Ваша правилна реакција, во интерес на БЗР и сите чинители од областа, Со почит,

 

 

 

ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ НА МАКЕДОНИЈА

П  РЕТСЕДАТATEL

 

 

Ангел Димитров

 

 

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА

ТУТЕЛА, ПРЕТСЕДАТЕЛ

 

 

М-р Дејан Ангеловски