ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗАПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ПОДГОТОВКА НА E-ПЛАТФОРМА

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗАПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ПОДГОТОВКА НА E-ПЛАТФОРМА

 

ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Организациска позадина

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е единствената репрезентативна организација на работодавачите од приватниот сектор во земјава која заедно со Владата и синдикатите го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики. Истовремено, ОРМ има легитимитет да преговара и да склучува Општиот колективен договор за приватниот сектор од стопанството. Почнувајќи од 2004-та година, мисијата на ОРМ се остварува преку креирање и предлагање мерки, политики и активности во интерес на работодавачите во областите на образованието, инфраструктурата, општествената одговорност, безбедноста и здравјето при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочувањето, инвестициите, кредитирањето и казнената политика. Повеќе информации на: www.orm.org.mk

Вовед и историјат

Со договор бр. 40311457/0проектот „Е-Платформа“ eподдржан од страна на Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спороведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија.Главната цел на проектот е: Да се дадат нови можности на членовите и на потенцијалните членови на ОРМ за развој на човечки потенцијал преку создавање на база на податоци за развој и понатамошно искористување на електронските алатки, како развој на е-платформа за зајакнување на процесите на учење и развој на деловни врски и поддршка на пилот модули за исходите од учењето. Со имплеметација на овој проект ќе се иницира креирање нова услуга т.н. Е– платформа која ОРМ ќе ја понуди на своите членови и привлекување нови на потенцијални членови односно компании кои се заинтересирани за добивање на ваков тип услуга.

Имено, во рамки на проектот ќе биде подготвена Е-платформа која ќе содржи база на податоци,  електронско пребарување за приоритизирање на темина е-обуките потребни за корисниците на ОРМ и платформа за е-учење. Преку редовно пополнување на платформата за е-учење со релевантни податоци за тековните активности на ОРМ ќе иницира зголемување на инфомираноста на членките на ОРМ и привлекување на нови потенцијални членови. Дополнително, со овој проект ќе се развијат демо е-обуки од областа на трудовата сфера, како и имплементација на webinar за засегнатите страни од ОРМ, за дисеминација и искористување на резултатите од спроведените активности во рамките на проектот.

 

 

Повик за изразување интерес во рамките на:

Овој повик за изразување интерес е наменет за потенцијални компании/ консултантски фирми кои би биле заинтересирани за извршување на задачата опишана во табелата подолу:

 

Активност

Детални податоци за задачата Временска рамка

 

1. Креирање на Е-Платформа 

Интернет-платформата за онлине учење е релевантна алатка која како услуга ОРМ ќе понуди на своите корисници (членови и потенцијални членови)преку Интернет.

Компанијата/консултанската фирма ќе го одбезбеди следново:

 

1. Креирање на Е-платформа за е-учење;

Карактеристики на платфромата би биле следниве:

• Меанџмент на корисници и менаџмент на пристап;

• Опција за повеќејазичност;

• Административен панел за менаџирање на курсеви;

• Мулти медијални курсви, видео, текст;

• Организирање на самиот курс во секции;

• Продолжи каде што застанал за секој корисник;

• Лендинг страна каде што ќе имаме информации за програмата;

• Чат – Разговор помеѓу корисникот и администраторот;

• Опциjа за закачување и превземање на материајали;

• Квиз – можност за тестирање на знаењето;

• Генерирање на сертификат по завршување на курсот;

• Платфромата и ландинг страанта треаб да бидат респонсивни за мобилен телефон;

• АПИ на кое во иднина може да се изработе мобилна апликација;

• Хостинг, Домен и ССЛ сертификат на платафромата;

• Инструкции за работа со платфромата;

 

2. Пополнување во Е-платформата за е-учење со релевантни податоци за активности на ОЕМ август 2020 – април 2021

 

Услови за за квалификуваност

Компанијата што ги обезбедува услугите треба да ги исполнува следниве услови:

- да биде правно лице со целосно овластување да ги обезбедува бараните услуги;

- да поседува соодветни човечки ресурси за извршување на очекуваните задачи навремено и по договорените цени;

- да поседува соодветни технички капацитети за обезбедување на услугите поврзани со тековната проектна задача во време и на место договорени со корисникот;

- да има искуство во полето на подготовна на е-платфоми и релевантно портфолио поврзано со соодветното барање;

- да биде формален работодавач, да нема кривично или фискално досие и стабилна потврдена финансиска состојба.

Начин на аплицирање за надворешни соработници/консултантски фирми:

Компании или консултантските фирми заинтересирани за соработка во рамки на проектот „Е-Платформа“кој се спроведува од страна на ОРМ, во горенаведените областина експертиза се повикуваат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 28 јули 2020годинана следнавe е-адреса:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Консултантските компании треба да го достават следново:

- Копија од Регистарскиот документ или Тековен биланс издаден од Централниот регистар на Република Македонија (не постар од 6 месеци); 

- Техничка понуда – образец што ќе вклучува: 

• Портфолио на правното лице кој ќе укаже дека го поседуваат соодветното професионално знаење и искуство вклучуваќи: пропратно писмо (краток преглед за компанијата), претходно искуство во соодветната област и список референци;

• предложен буџет/финансиска понуда

Изборот накандидати ќе биде согласно проектните процедури, а при тоа ќе се контактира само избраната компанаија. Избраната компанијаќедобие детален опис наведувајќи ги конкретните активности и барања, и ќе потпишат договор за надворешна соработка со ОРМ за соодветната задача соопределена временска рамка.